Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Скопје трча

Скопје трча

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

Агенцијата за млади и спорт, следејќи ги младинските трендови,...

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници  од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт, следејќи ги младинските трендови, петти пат по...

Европска недела на спортот во Македонија

Европска недела на спортот во Македонија

По повод започнувањето на најголемиот спортски настан во Европа –...

Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

Агенцијата за млади и спорт во периодот од 5-8 септември e домаќин на...

  • Скопје трча

    Скопје трча

  • Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

    Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

  • Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници  од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

    Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите...

  • Европска недела на спортот во Македонија

    Европска недела на спортот во Македонија

  • Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

    Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

Печати

Димитар Ѓоргиев е европски шампион во кик бокс

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams kik evr

Македонија на Европското кик бокс првенство за сениори во Братислава, Словачка, отпатува со тројца натпреварувачи, а се врати со два медали – златен и бронзен, што е огромен успех. Димитар Ѓоргиев стана европски шампион во лоу кик, а Бобан Илиоски го освои бронзнениот медал во К1.

По тој повод директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, организираше прием за кик боксинг тимот предводени од стручните лица, на чело со селекторот Дејан Митровски.

„Македонија споредено со Турција со 53 натпреварувачи, Русија со 35, Хрватска со 34, Италија со 34 и останатите држави со исто така повеќе натпреварувачи од нас, а ние со само тројца кикбоксери од ова Европско првенство се враќаме со два медали (златен и бронзен). Резултатот на нашиот тим е за почит и пофалба, но во исто време и наше оправдание кон Агенцијата за млади и спорт на РМ за целокупната помош и поддршка која ни ја дава за реализација на нашите спортски активности, настапи и квалитети.  Кик бокс мај тај федерацијата на Македонија упатува апел за понатамошна уште поуспешна соработка со АМС и нејзина финансиска помош и заложба на вакви престижни натпреварувања да оди нашата репрезентација во што поголем број. Така ќе носиме и повеќе медали, бидејќи  Македонија има борци кои се сериозни претенденти за медал и им парираат на сите натпреварувачи од другите држави кои се поголеми и поразвиени, а имаат и поголеми финансиски можности да ги поддржат своите борци“, истакна селекторот Дејан Митровски.

„Во рингот борецот сам се бори за славата и победата на својата земја, без оглед колку е јака и моќна државата од која доаѓа другиот противник. Знамето го подига победата на борецот, не моќноста на неговата земја, а гордоста ја ужива,  се гордее и ја слави неговата држава. Победата на Димитар е и наша победа како тим. Победа на сите наши поддржувачи и помагатели, и победа на нашата Македонија. Да бидеме сложни како во спортот, така и на секое друго поле, кога се работи за националните интереси и иднината на нашата една и единствена Република Македонија“, додаде Митровски.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија