Потпишани првите договори со РИКО
Денес, во Агенцијата за млади и спорт се остварија првите официјални договори за поддршка на проекти, помеѓу РИКО и четирите најдобри рангирани организации на регионално ниво, од кои три невладини младински организации и едно средно училиште.
Претставникот на канцеларијата за регионална младинска соработка Алберт Хани се заблагодари на директорот на АМС за целосната посветеност на младинските политики, како и на претставниците од Германската амбасада во Македонија, за целосната поддршка на младинските организации.
-Почитувани присутни дозволете ми да ве поздравам од мое име и Агенцијата за млади и спорт. Чест ми е што иницијативата за формирање на РИКО и Заедничката декларација потпишана од премиерите на 6 држави од Западен Балкан овозможи нов пат кон воспоставување процент и активности кои ќе придонесат многу придобивки за младите во Македонија, вклучувајќи размени, обуки, мобилност итн.
Можеме да се пофалиме дека како држава се вклучивме доволно, за да ги користиме придобивките кои што ги нуди целиот овој процес на РИКО, а тоа го докажуваме со овие 4 добиени проекти од апликантите на нашата држава, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.
Тој додаде дека овој процес е важен за младите луѓе во Македонија и регионот кои имаат можност да остварат соработка на сите полињасо Регионалната канцеларија за младинска соработка. Целта на овој процес е да се промовира духот на помирување и соработка меѓу младите во регионот преку програми за размена на млади.
-Со регионална соработка и подобрување на односите со гордост можам да кажам дека младите од западен Балкан се важен партнер во подобрувањето на нивните региони и дека РИКО е препознаен како механизам за оваа промена. Ние остануваме посветени да придонесуваме во процесите на помирување и подобрување на меѓуетничките односи.
На крај сакам да ви посакам успешно реализирање на проектите и се надевам дека идната година повторно ќе се сретнеме тука на свечено доделување во малку поголем број, додаде Каевски.
На отворениот повик во Ноември 2017, 61 апликант поднесоа барање за поддршка најмногу на тема “ Интеркултурален дијалог”,а помалку на тема “Социјална инклузија”, а одобрена е помош за остварување на проектите на “ЦИД”од Куманово, “МОФ” од Скопје, “Креатор” од Куманово,и СОУ“Коста Шушинов” од Радовиш.