Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, му го честиташе...

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод 51-от...

Европска бронза за Емил Павлов

Европска бронза за Емил Павлов

Нашите каратисти имаа успешен настап на Европското првенство во карате, кое...

 Светската танцова елита во Скопје

Светската танцова елита во Скопје

Танцовата федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт и...

Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено пуштен...

  • Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

    Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

  • ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

    ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

  • Европска бронза за Емил Павлов

    Европска бронза за Емил Павлов

  •  Светската танцова елита во Скопје

    Светската танцова елита во Скопје

  • Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

    Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Печати

Отворен прв центар за спортски трауматизам во Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams otvorawe centar sp trauma w 2

Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје денес се отвори Центар за артроскопија и спорски трауматизам, на кој присуствуваше Министерот за здравство Венко Филипче, д-р Зоран Несторовски, раководител на Одделението за ортопедија и трауматологија, д-р Ненад Петков, ортопедски хирург,  директорот на „8 Септември” д-р Кристијан Костов,хирург – трауматолог,Стефан Богоев, градоначалник на Општина Карпош, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Со отварањете на овој центар ќе им се овозможи на професионалните спортисти, но и на рекреативците кои имаат спортска повреда да не чекаат термин за дијагноза, туку услугата да ја добијат веднаш, преку посебни термини во системот за електронско закажување „Мој термин“, или преку Ургентниот центар на  болницата.

-Спортските повреди се докажано најголем непријател на спортистите и честа причина за прекин на спортската кариера. Спортистите се голема категорија на луѓе, кои заради здобиените повреди на терен или несоодветен третман, како што е ненавремена дијагностика или неадекватен физиотерапевтски третман, понекогаш не можат да ги продолжат своите активности. Тие се амбасадори на Македонија, нивните настапи се секогаш јавни и во тој спортски нагласен патриотски дух за боите на нашето знаме заработуваат и тешки повреди. Овие луѓе заслужуваат подобар третман. Затоа, посебно задоволство ми претставува да присуствувам на отворањето на еден толку битен, центар за спортски трауматизам, кој ќе обезбеди грижа за секој поединец и ќе придонесе за ублажување на последиците од спортски повреди, изјави Каевски.

-Посебно ме радува фактот што е испратено циркуларно писмо до сите спортски федерации со известување дека отсега нивните спортисти ќе можат да сметаат на здравствените услуги во оваа болница со концентрирана стручна медицинска помош што ќе ја добијат во специјализираниот центар, додаде директорот на АМС Дарко Каевски.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија