Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, му го честиташе...

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод 51-от...

Европска бронза за Емил Павлов

Европска бронза за Емил Павлов

Нашите каратисти имаа успешен настап на Европското првенство во карате, кое...

 Светската танцова елита во Скопје

Светската танцова елита во Скопје

Танцовата федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт и...

Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено пуштен...

  • Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

    Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

  • ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

    ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

  • Европска бронза за Емил Павлов

    Европска бронза за Емил Павлов

  •  Светската танцова елита во Скопје

    Светската танцова елита во Скопје

  • Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

    Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Печати

Неделава се одржуваат првите консултации за нов Закон за млади во Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams

Младите од Кичево, Охрид и Куманово споделија кои се нивните потреби и идеи

На 21-ви и 22-ри мај во три градови се одржаа првите консултации со млади за да се чујат нивните ставови за тоа каков Закон за млади е потребен во Македонија. Младите од Кичево, Охрид и Куманово ги споделија своите ставови за тоа кои проблеми би сакале да бидат решени со овој закон со претставници на младинските организации, Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Македонија.

Учесниците на овие настани порачаа дека младинскиот глас ретко се слуша од институциите и бараат ова да се промени преку квалитетно и транспарентно младинско учество на локално и национално ниво. Се разговараше за можни модели на локален младински совет, национална младинска организација, како и ко-менаџмент тело за поблиска соработка помеѓу младите и институциите. Дополнително, како најважно младите го издвоија решавањето на проблемите кои водат до иселување и апатичност кај младите.

Дебатите и иницијативата за Закон за млади се организирани од работна група која ја сочинуваат: Пратеничкиот клуб за младински прашања и политики при Собранието на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт и претставници на младинските организации Национален младински совет на Македонија, Коалиција на младински организации СЕГА и подмладоците на повеќе политички партии.

Ова се само првите од серија дебати кои во текот на еден месец ќе се одржат во 20тина општини во Македонија, на кои младите ќе можат да ги споделат своите идеи и потреби со работната група за изработка на овој закон. Со овој процес инициран заеднички од пратениците, институциите и младинските организации во Македонија, се надеваме дека ќе се креира добар закон кој ќе го промени животот на младите во земјата на подобро. На дебатите се поканети сите заинтересирани млади луѓе кои сакаат да дознаат што значи Закон за млади и да го кажат својот став за тоа што ваков документ треба да содржи.

Следните консултации се случуваат денес (23-ти мај) во Прилеп и Битола, а следната недела продолжуваме со интензивни консултации.

Адреса за контакт:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија