Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, му го честиташе...

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод 51-от...

Европска бронза за Емил Павлов

Европска бронза за Емил Павлов

Нашите каратисти имаа успешен настап на Европското првенство во карате, кое...

 Светската танцова елита во Скопје

Светската танцова елита во Скопје

Танцовата федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт и...

Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено пуштен...

  • Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

    Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

  • ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

    ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

  • Европска бронза за Емил Павлов

    Европска бронза за Емил Павлов

  •  Светската танцова елита во Скопје

    Светската танцова елита во Скопје

  • Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

    Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Печати

Македонската карате репрезентација традиционално на прием во АМС пред тргнувањето на ЕП во Н.Сад, Србија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Karate 1

Агенцијата за млади и спорт е повторно местото од каде македонската карате репрезентација заминува на 53. Европски шампионат во Нови Сад, Србија, на кој шампионат учество ќе земат 532 натпреварувачи од 52 земји, што претставува рекорден број држави на континентални шампионати.

На прес-конференцијата организирана во просториите на АМС, свое излагање имаа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и стручниот штаб на македонската карате репрезентација, предводена од Стојан Андриевски и Сашко Арсовски.

Директорот Каевски истакна дека нашата држава е редовен осојувач на медали, што е единствен случај во сите наши спортови, а особено е важно што минатата година Македонија се закити со сребрен и бронзен медал, на првото европско првенство откако каратето стана олимписки спорт.

- Македонија во изминатава деценија е редовен освојувач на медали, што е единствен случај во сите наши спортови, а особено е важно што минатата година се закитивме и со сребрен и бронзен медал, на првото европско првенство откако каратето стана олимписки спорт. Моите очекувања за настапот во Нови Сад се оправдани ако кажам дека ќе се вратат со освоена медалја, ако се знае дека Емил Павлов, досега освои 2 европски медали од кои еден златен 2014 и бронзен во 2016 година, Берат Јакупи освои две медалји, сребрен во 2017 и бронзен во 2013 година, Жарко Арсовски беше бронзен на светското првенство 2010 година додека Мартин Несторовски беше бронзен во 2015 година.
На крај сакам да им посакам успешен настап на нашите каратисти и како што ги испраќаме, така и да ги дочекаме во Агенцијата за млади и спорт, со медалји и со насмевки на нивното лице, - истакна Каевски.

karate 2

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија