“Стоп на пороците кај младата популација”
Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’. Спроведувањето на Проектот продолжува во четири Општини и тоа: Битола, Гостивар, Неготино и Штип, со реализација на едукативни работилници кои ги опфаќаат учениците од VII/ VIII и IX одделение. Работилниците се реализират од страна на Агенцијата за млади и спорт во соработка со Црвен Крст на Република Македонија.
Целта на проектот е подигнување на свеста кај учениците за заштита и превенција од пороците, едукација и информирање на младите луѓе за негативните појави и последици од пороците, подигнување на степенот на знаења и способности на младите, за правилно да ги препознаат правите знаци и симптоми на негативните појави (дрога, алкохол, цигари ), како и запознавање на младите со корисните и здравите навики и стилови на живеење.
Во рамки на проектот досега беа вклучени околу 10 000 ученици. Агенција за млади и спорт и во понатамошниот период ќе продолжи со реализација на проектот и во останатите општини во Република Македонија.