Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

“Стоп на пороците кај младата популација”

“Стоп на пороците кај младата популација”

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот...

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера...

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската...

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари...

  • “Стоп на пороците кај младата популација”

    “Стоп на пороците кај младата популација”

  • Одржан прв јавен настан за Закон за млади

    Одржан прв јавен настан за Закон за млади

  • Соопштение

    Соопштение

  • Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

    Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Печати

Објавена Одлуката за формирање работна група за избор на младински преставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за млади на Западен Балкан (РИКО)

вклучено . Објавено во Соопштенија

На 27 август 2015 г. во рамки на Самитот за Западен Балкан одржан во Виена (Австрија), од страна на премиерите на 6 земји (Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора и Косово) беше потпишана Заедничка декларација за воспоставување на Регионална канцеларија за соработка во областа на младите, како регионално тело чија задача ќе биде да ја управува и ја координира младинската соработка во регионот, во духот на соработка и помирување на младите од Западен Балкан.

На 04.јули 2016 г. од страна на премиерите на  земјите од  Западен Балкан (Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина) беше официјално потпишана Меѓународната спогодба за формирање на Регионална канцеларија за младинска соработка. како регионално тело чија задача ќе биде да ја управува и ја координира младинската соработка во регионот во духот на соработка и помирување на младите од Западен Балкан.Канцеларијата со  седиште во Тирана, Албанија започна со работа на 01.јануари 2017 г, а во чии тела е предвидено учество на владини и невладини претставници од земјите потписнички на спогодбата.

Во таа насока, со цел зголемување на транспарентноста и инклузивноста на процесот за воспоставување на РИКО и потребата за вклучување на младите луѓе и заинтересирани страни во овој важен процес, Агенцијата за млади и спорт објави јавен за формирање работна група за избор на младински преставник во управниот одбор на регионалната канцеларија за млади на Западен Балкан (РИКО)

По разгледување на пристигнатите апликации согласно утврдените критерими од Јавниот повик, од страна на Комисијата донесена е одлука за формирање работна група за избор на младински преставник во управниот одбор на регионалната канцеларија за млади на Западен Балкан (РИКО) во состав од :

•              Елена Додевска, преставник одУКС Крсте Мисирков _Куманово

•              Нанчев Ѓорѓи, претставник од СППМД – Кавадарци

•              Стојан Рашков, претставник од СВТ АЛУМНИ – Скопје

•              Мери Цветковска, претставник од ХЕРА – Скопје

•              Надир Усеини, претставник од РРОМА

•              Сања Ваневска, претставник од Организација на жени на о. Св. Николе

•              Анамарија Велиновска, претставник од Гоу Грин – Скопје

•              Јордан Николовски, претставник од Креактив

•              Сибел Амет, претставник од Хелсиншки комитет за човекови права во РМ

•              Славица Јовческа, претставник од Аква Струга

•              Зоран Гичевски, претставник од Мултикултура – Тетово

•              Матеј Маневски, претставник од ЦИД – Куманово

•              Славко Миладиноски, претставник од Џеф Македонија

•              Метин Муареми, претставник од ЦЕД – Теарце

•              Филип Димчевски, претставник од Реактор – Скопје

•              Александра Филипова, претставник од МОФ – Скопје

•              Стефан Костовски, претставник од ИРЗ – Тетово

•              Никола Ивановски, претставник од Младите можат – Скопје

•              Елисавета Буклоска, претставник од КРИК – Скопје

•              Александар Тодоровски, претставник од МКЦ – Битола

•              Владимир Косстовски, претставник од Сојуз на извидници на Македонија

•              Беким Асани, претставник од ЛГБТ – Тетово

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија