Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young art 2017 на...

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за Млади поети, на кој...

Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

Во периодот од 11 до 14 октомври оваа година во Москва, Руска Федерација,...

Средба со националните спортски федерации

Средба со националните спортски федерации

Агенцијата за млади и спорт оствари средба со челните луѓе на на спортските...

Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Денес, во просториите на поранешното кино ,,Култура” се одржа...

  • Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

    Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

  • Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

    Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

  • Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

    Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за...

  • Средба со националните спортски федерации

    Средба со националните спортски федерации

  • Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

    Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Печати

Продолжување на рокот за аплицирање по Јавниот повик

вклучено . Објавено во Соопштенија

Продолжување на рокот за аплицирање по Јавниот повик за формирање на Работната група за избор на младински претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан

Работната група за избор на младинскиот претставник ќе има за цел да спроведе постапка за избор на младинскиот претставник во Управниот Одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан и да поднесе предлог одлука до Директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Критериуми за организацијата која предлага свој претставник во Работната група:

-           организацијата да постои најмалку 3 години

-           во извршното или управно тело да има млади

-           организацијата да има свое јавно гласило

-           да е регистрирана врз основа на Закон за здруженија и фондации и Закон за Црвен Крст на Република Македонија

-           во 2017 година да има најмалку 3 имплементирани активности за млади

Пополнетите пријави заедно со прилози за докажување на исполнувањето на критериумите, тековна состојба , како и наративен извештај за 2017 година со  кој се докажува најмалку 3 имплементирани активности,  потребно е да се испратат до:

 Агенцијата за млади и спорт (ул. Македонија бр.38 – Палата „Панко Брашнаров“ , 1000 Скопје ).

Рокот за доставување на потребната документација е продолжен до :22.01.2018 г. (16:30ч.)

Напомена: Лицата кои ќе се пријават да бидат членови на оваа Работна група нема да имаат право да поднесат пријава за младински претставник во Управниот Одбор на РИКО.  Секоја организација може да има еден преставник во работната група.

Процесот ќе се спроведува во периодот јануари - февруари 2018, а изборот на младинскиот претставник на УО на РИКО треба да биде извршен  заклучно со 05 март 2018.

Се повикуваат сите организации кои ги исполнуваат условите, да се пријават на овој повик што ќе им овозможи директно да учествуваат во изборот на претставник на младите во управното тело на РИКО и да ја искористат оваа можност за учество во одлучувањето.

Пријавите кои ќе бидат непотполни и кои ќе пристигнат по наведениот рок, нема да бидат земени предвид.

Резултатите од јавниот повик ќе бидат објавени на веб страната на Агенцијата за млади и спорт.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија