Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Меѓународен  ден на лица со посебни потреби

Меѓународен ден на лица со посебни потреби

По повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, Агенцијата за млади...

Фитнес зона во Општина Центар

Фитнес зона во Општина Центар

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, во присуство на...

Гази Баба доби фитнес зона

Гази Баба доби фитнес зона

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со...

70 години Спортска Стрелачка Федерација

70 години Спортска Стрелачка Федерација

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием...

Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) беше организиран...

  • Меѓународен  ден на лица со посебни потреби

    Меѓународен ден на лица со посебни потреби

  • Фитнес зона во Општина Центар

    Фитнес зона во Општина Центар

  • Гази Баба доби фитнес зона

    Гази Баба доби фитнес зона

  • 70 години Спортска Стрелачка Федерација

    70 години Спортска Стрелачка Федерација

  • Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

    Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Печати

Прогласени добитниците на наградите од проектот “Најдобри млади уметници”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams umetnici 2

Како завршен настан од проектот ,,Млади Уметници” кој започна со објавување на Конкурс од страна на Агенцијата за млади и спорт, се постави изложба од пристигнатите дела на млади автори, чие отворање се случи во Национална галерија на Македонија, објект Мала Станица - 2 кат.

На свеченото отварање беа прогласени добитниците на наградите во пет категории (сликарство, скулптура, фотографија, графика и графички дизајн), а наградите за најдобрите ги врачи директорот на Агецијата замлади и спорт Дарко Каевски.

Во категоријата Графички дизајн се пристигнати 6 дела, а наградата се доделува на авторот Антонио Пирковски, со делото „Censored“.

Во категоријата Сликарство, пристигнати се 24 дела, а наградата се доделува на авторот Ивана Горичан, со делото под наслов „Естетика на парите“, техника колаж.

Во категоријата Графика, пристигнати се 7 дела, а награда се доделува на авторот Марко Вуисиќ, со делото „Симбиотска љубов“

Во категоријата Фотографија, пристигнати се 15 дела, а награда се доделува на авторот Теодор Ангеловски, без наслов.

Во категоријата Скулптура, пристигнати се 8 дела, а наградата се доделува на авторот Мариго Исеини, за делото „Магнологија”.

Сите првонаградени автори добија ваучери од по 40 000 денари, а нивните дела можат да се видат на изложбата во Националната галерија – Мала станица до сабота.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија