Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

“Стоп на пороците кај младата популација”

“Стоп на пороците кај младата популација”

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот...

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера...

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската...

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари...

  • “Стоп на пороците кај младата популација”

    “Стоп на пороците кај младата популација”

  • Одржан прв јавен настан за Закон за млади

    Одржан прв јавен настан за Закон за млади

  • Соопштение

    Соопштение

  • Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

    Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Печати

Меѓународен одбојкарски турнир “Бранко Хаџи Иљоски-Чајка”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams odb cajka web 2

Одбојкарска Федерација и семејството Хаџи-Иљоски, со поддршка од Агенцијата за млади и спорт,41-випат ќе го организираат турнирот во Одбојка “БРАНКО ХАЏИ ИЉОСКИ ЧАЈКА, турнир со најголема одбојкарска традиција во Македонија.

На прес конференцијата свое обраќање имаше директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, кој ја истакна потребата од континуирано одржување на манифестации со долгогодишни традиции.

-Овој турнир е празник за одбојката во Македонија и градот Тетово.Традицијата на одржување на овој меѓународен настан на одбојката трае од 1975 година, и е една од најстарите манифестации во Македонија, истакна Каевски.

Претседателот на организациониот одбор на турнирот, Ивица Хаџи Иљоски се зблагодари за поддршката на Агенцијата за млади и спорт, како и за медиумската покриеност на настанот, поканувајќи ги сите вљубеници на одбојката да бидат дел од овој одбојкарски спектакл во Тетово.

-Политиката на турнирот е во секоја година да промовираме посебни групи, како младински или женска тимови, репрезентации, а оваа година акцент ставаме на машката сениорска одбојка. Од таа причина, покрај ОК Вардар, Универзитетски тим Тетово, ОК Лешок, наши гости ќе бидат и ОК Партизан од Белград, истакна Хаџи Иљоски.

Натпреварите ќе се играат во салата Млади во Тетово, на 15 и 16.12.2017.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија