Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Скопје трча

Скопје трча

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

Агенцијата за млади и спорт, следејќи ги младинските трендови,...

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници  од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт, следејќи ги младинските трендови, петти пат по...

Европска недела на спортот во Македонија

Европска недела на спортот во Македонија

По повод започнувањето на најголемиот спортски настан во Европа –...

Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

Агенцијата за млади и спорт во периодот од 5-8 септември e домаќин на...

  • Скопје трча

    Скопје трча

  • Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

    Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

  • Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници  од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

    Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите...

  • Европска недела на спортот во Македонија

    Европска недела на спортот во Македонија

  • Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

    Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

Печати

Златен Гонг по 47-ми пат

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams zlaten gong 2017

Една од најтрофејните спортски манифестации во Македонија, Златен Гонг, оваа година ќе се одржи по 47-ми пат. Вип Арената при  СЦБТ, мала сала од 9-11 ноември 2017 (петок и сабота ), ќе ги собере боксерите од Македонија и уште 6 други држави,согласно доставената програма. Натпреварите ќе започнат со полуфиналните борби во петок со почеток од 16:00 до 19:00 часот додека свеченото отварањето на настанот ќе се одржи во петок од 17:30 часот. Во сабота е предвидено да се одржат финалните борби со почеток од 11:00 часот, а доделувањето на наградите и признанијата е предвидено со почеток од 14:00 часот. За учество на гонгот се пријавени околу 40 боксери.

На прес конференцијата во Агенција за млади и спорт, директорот Дарко Каевски потенцираше дека оваа манифестација станува македонски спортски бренд на Балканот и Европа и од таа причина Агенцијата за млади и спорт се јавува како генерален покровител.Поддршката која Агенцијата за млади и спорт е во насока на дополнителна афирмација на боксот во Македонија, како е ден од нашите најуспешни спортови.

-Се надевам на фер плеј борба и судење и упатувам покана до сите вљубеници на боксот да уживаат во перформансите на сите учесници,- изјави Каевски.

Свое излагање околу спортската манифестација и околу очекувањата имаше и селекторот на македонската боксерска репрезентација Петре Чурлиновски.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија