Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

“Стоп на пороците кај младата популација”

“Стоп на пороците кај младата популација”

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот...

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера...

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската...

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари...

  • “Стоп на пороците кај младата популација”

    “Стоп на пороците кај младата популација”

  • Одржан прв јавен настан за Закон за млади

    Одржан прв јавен настан за Закон за млади

  • Соопштение

    Соопштение

  • Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

    Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Печати

Средба со националните спортски федерации

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sredba nsf web 2

Агенцијата за млади и спорт оствари средба со челните луѓе на на спортските федерации, на која ги потенцираше насоките во кои ќе се одвива работата на Агенцијата во однос на спортот и размислувањата на новата влада околу промените на односот и финансирањата во спортот. Директорот на АМС Дарко Каевски на стартот зборуваше за ваучерите кои федерациите ќе можат да ги подигнуваат, врз основа на предходно приложените програми за работа и истите ќе ги доставаат до приватниот сектор  кој истите ќе го искористат врз основа на даночното ослободување предвидено во поновите измени во законот за спорт.

Стана збор и за промените во училишниот спорт, во насока на омасовување преку напорите за вклучување на сите деца во спортските училишни клубови. Отченоста за потрошените буџетски средства, кои федерациите ги добиваат по предходно доставени годишни програми ќе остане приоритет во работењето на Агенцијата за млади и спорт, како и создавањето на стратегија за спорт за период 2018-2022 година.

Внесувањето на тековни информации од страна на федерациите во Информатичкиот спортски систем е законска обврска на сите федерации, од причина што тековните спортски  случувања, клубови, регистрирани спортисти, систем на натпревари, како и учество на меѓународен план и остварувања од истите  ќе биде земено во обзир при одобрување на годишните програми на федерациите и висината на финансиските средства кои ќе ги добиваат од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија