Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

Денеска во Агенцијата за млади и спорт се одржа Конститутивна седница на...

План за спроведување на Младинската Гаранција

План за спроведување на Младинската Гаранција

За спроведувањето на Младинската Гаранција, вклученоста на надлежните...

Млади и активни -  дебата, музика и дружење!

Млади и активни - дебата, музика и дружење!

По повод 12-ти август, Меѓународниот ден на младите, Агенцијата за млади и...

Средба  АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

Средба АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски се сретна со...

  • Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

    Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

  • План за спроведување на Младинската Гаранција

    План за спроведување на Младинската Гаранција

  • Млади и активни -  дебата, музика и дружење!

    Млади и активни - дебата, музика и дружење!

  • Средба  АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

    Средба АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од...

Печати

Доделени се стипендии на 500 млади талентирани спортисти

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Спортот како потреба на секоја земја има доминантно место во интересите на државите, особено има големо влијание врз секојдневието на младите во насока кон правилен психофизички развој, како и превенција на младиот човек од зависностите и другите социо - патолошки појави.

Грижејќи се за нивниот статус во општествениот и спортскиот живот, како темел за идно развивање на младиот човек,  Агенцијата за млади и спорт додели стипендии на 500 млади талентирани спортисти до 20 години, со цел талентираните спортисти да продолжат во процесот на градење на професионалниот лик како и во делот на создавање идни репрезентативци, кои во иднина ќе ги бранат боите на државата.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски изјави дека стипендистите се објавени во новиот број на ,,Службен Весник”, а документот е достапен и на веб страната на Агенцијата за млади и спорт.

– Сакаме да испратиме јасна порака до младите дека државата се грижи за нив и за нивниот спортски развој. Стимулот на младите од овој тип значи многу, особено ако се знае дека со овие средства може да подмират дел од своите трошоциво текот на спортувањето.Токму стипендијата во износ од околу 4.500 денари месечно која младите спортисти ќе ја примаат во наредните 10 месеци, ќе им  овозможи подостоинствен тренажен процес, а ние како Агенција за млади и спорт работиме на дополнителна поддршка на младинските категории во спортот.

500 ТАЛЕНТИРАНИ СПОРТИСТИ ,,СПОРТСКА НАДЕЖ '' (КЛИКНИ ТУКА)

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија