Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

“Стоп на пороците кај младата популација”

“Стоп на пороците кај младата популација”

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот...

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера...

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската...

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари...

  • “Стоп на пороците кај младата популација”

    “Стоп на пороците кај младата популација”

  • Одржан прв јавен настан за Закон за млади

    Одржан прв јавен настан за Закон за млади

  • Соопштение

    Соопштение

  • Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

    Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Печати

Млади и активни - дебата, музика и дружење!

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sdm web 2

По повод 12-ти август, Меѓународниот ден на младите, Агенцијата за млади и спорт заедно со Националниот младински совет на Македонија организираше отворен настан  - дебата и дружење, во Градскиот парк. Дебатата беше посветена на Младинската Гаранција како една од приоритетните мерки на новата реформска Влада на Република Македонија.

Младинската Гаранција нуди шанса за субвенционирани работни места, вработување на младите, обуки, програми за самовработување, пилот програми за млади според  локални потреби.

На дебатата говорешедиректорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Стефан Богоев, како и претседателот на Националниот младински совет на Македонија, Блажен Малески.

Имаше и интерактивен дел кадешто присутните поставуваа прашања, даваа предлози и сугестии за зајакнување на улогата на младиот човек во општеството.

По завршување на дебатата беа доделени благодарници на младите научници и нивните ментори кои освоија бронзени медали на меѓународните олимпијади по физика, математика, хемија и информатика.

Целта е залагање за вреднување на успехот во науката и дополнителна соработка со младите таленти кои секојдневно ја афирмираат научно – истражувачката дејност на Македонија и на меѓународно ниво.

Настанот се заокружи со културно забавна програма,  рок бендови и диџеи.

ams sdm web 3

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија