Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

Денеска во Агенцијата за млади и спорт се одржа Конститутивна седница на...

План за спроведување на Младинската Гаранција

План за спроведување на Младинската Гаранција

За спроведувањето на Младинската Гаранција, вклученоста на надлежните...

Млади и активни -  дебата, музика и дружење!

Млади и активни - дебата, музика и дружење!

По повод 12-ти август, Меѓународниот ден на младите, Агенцијата за млади и...

Средба  АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

Средба АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски се сретна со...

  • Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

    Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

  • План за спроведување на Младинската Гаранција

    План за спроведување на Младинската Гаранција

  • Млади и активни -  дебата, музика и дружење!

    Млади и активни - дебата, музика и дружење!

  • Средба  АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

    Средба АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од...

Печати

Средба АМС – МОФ: Повеќе средства за младите и функционалност на претставничките тела

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk mladi web 2

Денеска се одржа средба меѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претставници на Младинскиот oбразовен форум.

На средбата се разговараше за актуелните состојби поврзани со младите во Македонија.

Дона Костуранова, извршен директор на МОФ го презентираше проектот Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт”.  Целта е да се истражи досегашната работа на АМС и да се дадат насоки за поголема функционалност на оваа институција.

Каевски посочи дека АМС ќе биде отворена за информации , за увид во досегашната работа и подобрување на соработката со младинските организации.

Исто така, се разговараше и за развојот на локалните младински совети кои треба да бидат вистински претставнички тела на локално ниво за младите, независни и ослободени од било какви притисоци.

Присутните дискутираа и за Младинската гаранција која започнува да се спроведува од септември. Една од мерките која треба да придонесе за намалување на младинската невработеност и полесен излез на младите на пазарот на трудот. Со цел да се подобри реализацијата на оваа мерка, отворена е можноста за организирање на консултативна средба со засегнатите страни.

Следува период на креирање на Буџетот за следната година. Каевски потенцираше дека се предвидуваат повеќе средства за младите. Заедно со младинските организации, претставнички тела на младите ќе предложиме проекти кои навистина ќе го подобрат животот на младите луѓе и ќе се спречи одливот на млади мозоци.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија