Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

“Стоп на пороците кај младата популација”

“Стоп на пороците кај младата популација”

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот...

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера...

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската...

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари...

  • “Стоп на пороците кај младата популација”

    “Стоп на пороците кај младата популација”

  • Одржан прв јавен настан за Закон за млади

    Одржан прв јавен настан за Закон за млади

  • Соопштение

    Соопштение

  • Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

    Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Печати

Заложба за поголема соработка меѓу факултетите и пазарот на трудот

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk 2

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денеска се сретна со претставници на ЕУ твининг проект „Развивање соработка помеѓу универзитетите, приватниот сектор и државните органи“.

Овој проект се одвива во рамки на Министерството за образование и наука, а се спроведува од страна на конзорциум институции од Франција и Обединетото Кралство.

Целта е продлабочување на соработката меѓу високообразованите институции и пазарот на трудот.

Претставниците на овој проект говореа за отворање на кариерни центри во склоп на факултетите. Формалното образование не е доволно, потребно е зголемена работа со младите и нивно стручно, практично усовршување.

Каевски нагласи дека овој проект е одлична можност за дополнително усовршување на младите луѓе, за зајакнување на нивните капацитети, подготовка за пазарот на трудот, со една цел – намалување на младинската невработеност.

Се разговараше и за зголемување на соработката меѓу приватниот сектор и факултетите. Агенцијата за млади и спорт ќе даде поддршка во насока на реформирање на образовниот систем кој ќе биде прилагоден на потребите на пазарот на трудот. Тоа се разбира е можно само со континуирана соработка меѓу младите, високообразовните институции, јавниот и приватниот сектор и младинските организации.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија