Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

“Стоп на пороците кај младата популација”

“Стоп на пороците кај младата популација”

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот...

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера...

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската...

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари...

  • “Стоп на пороците кај младата популација”

    “Стоп на пороците кај младата популација”

  • Одржан прв јавен настан за Закон за млади

    Одржан прв јавен настан за Закон за млади

  • Соопштение

    Соопштение

  • Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

    Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Печати

Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sredba kfm 2

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, заедно со раководителот на Секторот за спорт, Томислав Андоновски, се сретнаа со претставници на Ракометната и Кошарската федерација на Македонија, со Филип Милошевски (генерален секретар на РФМ) и Петар Наумоски (претседател на КФМ).

Ракометната федерација на Македонија е една од најдобро организираните федерации, со најголеми успеси.

Агенцијата за млади и спорт е подготвена да ја интензивира соработката со РФМ, да се издвојуваат повеќе средства, а приоритет ќе биде поддршката на македонските ракомeтари за европското првенство во ракомет, во Загреб, Хрватска, 2018-та година.

Со Кошаркарската федерација на Македонија, се разменија мислења за тековните состојби во македонската кошарка. Целта на средбата беше утврдување на тековните состојби и координација во работата на националните спортски федерации со Агенцијата за млади и спорт, како и активностите на федерациите во периодов што претстои, особено на меѓународен план.

Исто така, со претставниците од федерациите се разговараше и за младите таленти, кадетските и јуниорските репрезентации. За да имаме идни успеси, потребно е да работиме уште денес со најмладите, да ги следиме нивните вештини и онаму каде што е потребно да помогне Агенцијата за млади и спорт.

Се дискутираше и за предлог – измени во Законот за спорт, со цел системска поддршка на спортот.

Каевски нагласи дека Агенцијата за млади и спорт ќе ги поддржува политиките на федерациите, и од сите ќе бара транспарентност за начинот на кој се трошат буџетските средства доделени од Агенцијата за млади и спорт.

ams sredba rfm 2

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија