Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

Денеска во Агенцијата за млади и спорт се одржа Конститутивна седница на...

План за спроведување на Младинската Гаранција

План за спроведување на Младинската Гаранција

За спроведувањето на Младинската Гаранција, вклученоста на надлежните...

Млади и активни -  дебата, музика и дружење!

Млади и активни - дебата, музика и дружење!

По повод 12-ти август, Меѓународниот ден на младите, Агенцијата за млади и...

Средба  АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

Средба АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски се сретна со...

  • Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

    Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

  • План за спроведување на Младинската Гаранција

    План за спроведување на Младинската Гаранција

  • Млади и активни -  дебата, музика и дружење!

    Млади и активни - дебата, музика и дружење!

  • Средба  АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

    Средба АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од...

Печати

Агенцијата за млади и спорт ги додели наградите за “Најдобар млад програмер”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams programer web 2

Агенцијата за млади и спорт во соработка со ФИНКИ и Здружениетo на информатичари на Македонија трета година по ред го реализираа проектот наречен “Најдобар млад програмер”. По тој повод денес во просториите на Агенцијата се доделија ваучерите за петте најдобри млади програмери.

-  Овој проект е дел од напорите на Агенцијата за млади и спорт за поттикнување и охрабрување на младите луѓе да го покажат и развиваат својот талент, но истовремено и можност да гистимулирамемладите средношколци за продолжување на своето образование на техничките науки. За успешна реализација на проектот, потпишавме Меморандум за соработка со Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство и со Здружението на информатичарите на Македонија, кое поседува лиценца за одржување на државни натпревари во Република Македонија во програмирање. Проектот започна со реализација во текот на декември 2015 година со спроведување на караванот по средните училишта во Република Македонија, со цел промовирање на проектот и информирање на средношколците за самиот натпревар.- истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

На натпреварите оваа година учествуваа преку 500 учесници, а најдобрите беа избрани од страна на стручната комисија формирана од Здружението на информатичари на Македонија. Имено, тоа беше една од целите на овој проект, низ правилна филтрација на регионалните и Државните натпревари ги добиеме најдобрите шестмина кои достојно ќе не претставуваат на претстојната Балканска Олимпијада (Јуни,2017 Молдавија) и Интернационална олимпијада (Јули, 2017 Иран). Оваа година од буџетот на Агенцијата за млади и спорт се одвоија 160 000 денари наменети за награди за најдобрите, заврши Спасески.

Првите три места и 40 000 денари отидоа кај Владимир Максимовски, Филип Михов и Марко Чаласан, додека пак Димитар Бајрактаров и Мартин Динев освоија ваучери од по 20.000 денари, за кои рекоа дека главно ќе ги искористат за настап на претстојните олимпијади за информатичари. Дополнително, најдобрите млади програмери, од страна на ФИНКИ, ќе добијат стипендии за бесплатно студирање на факултетот.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија