Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

Денеска во Агенцијата за млади и спорт се одржа Конститутивна седница на...

План за спроведување на Младинската Гаранција

План за спроведување на Младинската Гаранција

За спроведувањето на Младинската Гаранција, вклученоста на надлежните...

Млади и активни -  дебата, музика и дружење!

Млади и активни - дебата, музика и дружење!

По повод 12-ти август, Меѓународниот ден на младите, Агенцијата за млади и...

Средба  АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

Средба АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски се сретна со...

  • Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

    Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

  • План за спроведување на Младинската Гаранција

    План за спроведување на Младинската Гаранција

  • Млади и активни -  дебата, музика и дружење!

    Млади и активни - дебата, музика и дружење!

  • Средба  АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

    Средба АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од...

Печати

До бронза со скршено стопало

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres taekvondo web 2

Македонскиот јунак, борец со големо срце, нашата надеж за  следните олимписки игри, најдобриот таеквондо борец  Дејан Георгиевски го освои историскиот медал на едно Европско првенство. Местото на случување е Софија, Република Бугарија, Европско првенство за јуниори и помлади сениори.

Македонија настапи со осум натпреварувачи, од кои седум се клизнаа уште во првото коло. Остана надежта во нашиот најдобар борец, кој со само 17 години им пркосеше на постарите и далеку поискусни борци. И се ќе беше поинаку, ако уште во првата борба Дејан не осетеше болка во стопалото, за која подоцна се откри дека е ни помалку, ни повеќе туку фрактура на коска на стопалото. Желбата за победа не го спречи да триумфира  и во наредната борба, а решавачката борба за финале ја изгуби за само еден поен.

-       Моите очекувања беа злато од европското во Софија, но повредета ме спречи во тоа. Останува желбата за побрзо санирање на истата и враќање на терените уште на престижниот Г-1 турнир на почетокот на Јуни годинава, и секако настап од кој најмногу очекувам е Светското Првенство во Кореа, во втората половина на Јуни, истакна Георгиевски.

-       Огромна благодарност до Агенцијата за млади и спорт и директорот Марјан Спасеки за огромната поддршка која се дава на Таеквондо федерацијата на Македонија. Ние ќе се обидеме да го оправдаме секое вложување првенствено со остварување на добри резултати на континенталните собири и секако да успееме да избориме настап на Олимписките игри во Токио, за што верувам дека имаме вистински шанси. Во моментов имаме потенцијал, има желба, изјави Селекторот на македонскиот тим Дарко Костовски.

-       Агенцијата за млади и спорт во континуитет ја поддржува таеквондо федерацијата на Македонија на која само по првата распределба од сретствата од игри на среќа доби 1 800 000 денари за меѓународни натпревари, соработка, стручно усовршување и унапредување и 50 000 денари за проектот Таеквондо за сите. Честитки за Дејан за неговиот спортски дух и одличниот бронзен медал остварен во нетипични услови, но и до целокупниот Македонски тим на чело со селекторот Костовски, истакна Спасески.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија