Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

Рекордни 400 натпреварувачи од вкупно девет земји од регионот се...

Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески присуствува на...

Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин и средба со г-дин...

Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и младинскиот...

  • Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

    Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

  • Regional Youth Cooperation RYCO: Office Јавен повик за заменик-генерален секретар за Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан

    Regional Youth Cooperation RYCO: Office Јавен повик за заменик-генерален...

  • Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

    Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

  • Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

    Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

  • Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

    Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

Печати

Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

вклучено . Објавено во Соопштенија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески присуствува на состанокот на министри/директори за млади во рамки на Европската конференција за структурен дијалог која во периодот 21-24 март се одржува во Малта, во рамки на претседавањето на Малта со Советот на Европска Унија.

Оваа конференција е еден од најважните настани кои се одвиваат на европско ниво за младинските политики, а истата овозможува дискусија за планирањето и имплементацијата на младинските политики  на европско ниво, со особен акцент на структурниот дијалог меѓу младите луѓе и носителите на одлуки.

Низ повеќе работилници и тркалезни маси, министрите/директорите за млади од Европа дебатираа за предизвиците со кои се соочуваат младите луѓе и кои се клучните приоритети кои треба да ги опфати новата Стратегија за млади на Европско ниво.

На состанокот, Спасески  ги презентираше македонските искуства од креирањето на Националната стратегија за млади 2016-2025, истакнувајќи дека оваа стратегија е резултат на инклузивен  процес во кој младите луѓе заеднички со институциите креираа документ кој ќе ја подобри нивната состојба во општеството, но и ќе овозможи имплементација на мерки и активности за младите луѓе во Република Македонија. Тој посочи дека овој документ е во корелација  со важните стратешки документи за млади на национално, но и европско ниво.

Покрај тоа, тој оствари и билатерални средби со своите колеги од регионот, но и останатите европски држави дискутирајќи за заедничките прашања кои се од интерес на државите и институциите одговорни за младински политики.

На овогодинешниот настан, присуствуваше и младинскиот претставник Филип Радевски кој беше избран на јавниот повик објавен од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија