Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

Денес во Агенцијата за млади и спорт беше одржана прес конференција на која...

АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

Агенцијата за млади и спорт ќе и додели шест милиони и шесто илјади денари...

Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

Свечената церемонија во Македонскиот народен театар, која се одржа по 62....

Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

Денес во Градската библиотека “Браќа Миладиновци”  се...

Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

На 12 декември 2016 г. (ПОНЕДЕЛНИК) во Националната галерија на Македонија...

  • Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

    Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

  • АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

    АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

  • Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

    Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

  • Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

    Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

  • Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

    Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Пролетна градежна офанзива за изградба на спортски објекти

вклучено . Објавено во Соопштенија

Sportska Sala Univerzitet Sv.Kiril i Metodij

Агенцијата за млади и спорт продолжува со интензивни градежни активности за подобрување на постоечката и изградба на нова спортска инфраструктура на целата територија на државата. Преку реализацијата на проектите за изградба на спортските сали, повеќенаменските и тениските терени, фитнес-зоните, фудбалските игралишта и останатите спортски објекти се прават големи чекори напред во подобрување на условите за професионално и рекреативно спортување. 
Иако, досега преку АМС и МОН се изградија околу стотина спортски сали низ целата држава, Агенцијата за млади и спорт продолжува со изградба на нови. Имено, целосно е завршена градбата на големата спортска сала на државниот Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, со која студентите и универзитетот добиваат ново спортско репрезентативно здание за реализација на наставата, но и за одржување на бројни спортски натпревари. Во завршна фаза на градба е и спортската сала во Домот за деца без родители “11-ти Октомври” во Капиштец, а интензивно се градат и салите во Шуто Оризари и во с. Бучин, општина Крушево. Во завршна фаза е и реконструкцијата на покривот на спортската сала во општина Ново Село. 
Одлична динамика на реализација има и на повеќенаменските игралишта, каде досега се завршени 70, а граѓаните ќе можат да го практикуваат “белиот спорт” на вкупно 89 изградени тениски терени низ целата држава. Дополнително, активна е градбата и на игралиштата во Припор, Охрид и Крушево каде се градат тениски и повеќенаменски терени. 

888888
Изградени се и 9 фитнес зони, а 3 се во фаза на градба. Завршени се и спортските игралишта во с. Зубовце, во завршна фаза е спортското игралиште во с. Горно Косоврасти, реконструкцијата на фудбалските игралишта во Љубанци и Демир Хисар, а во почетна фаза на градба се и спортските игралишта во Зелениково и Пинтија. Интензивно се гради и капиталниот спортски објект за градот Охрид, затворениот пливачки базен, чија инвестиција изнесува 5 милиони евра. 
Со овие капитални објекти во спортот, Владата заокружува еден концепт на создавање здрава нација и одлична превентива за младите во борбата против пороците. Впрочем, сите инвестици во спортската инфраструктура се со единствена цел, а тоа е да се поттикнат развојот на спортот и здравите навики кај младите.

111000

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија