Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

Денес во Агенцијата за млади и спорт беше одржана прес конференција на која...

АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

Агенцијата за млади и спорт ќе и додели шест милиони и шесто илјади денари...

Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

Свечената церемонија во Македонскиот народен театар, која се одржа по 62....

Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

Денес во Градската библиотека “Браќа Миладиновци”  се...

Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

На 12 декември 2016 г. (ПОНЕДЕЛНИК) во Националната галерија на Македонија...

  • Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

    Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

  • АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

    АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

  • Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

    Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

  • Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

    Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

  • Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

    Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Прием во АМС на медалистите од македонската таеквондо репрезентација

вклучено . Објавено во Соопштенија

17211869 1382628345092103 6529254468991431298 o

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески денеска оствари средба со претставниците на Таеквондо репрезентацијата на Македонија, која постигна одлични резултати на неодамна завршениот Г-1 турнир, кој изминатиот викенд се одржа во Софија, Бугарија. Станува збор за турнир од највисок ранг во олимпиското таеквондо, турнир од кој се собираат бодови за ОИ во Токио 2020.

Актуелниот Балкански јуниорски шампион Дејан Ѓорѓиевски дебитираше како сениор и со свои 17 години успеа со четири победи да освои златен медал. Тој победи борци од светските велесили во таеквондото како Аргентина, Германија и Србија, а во финалето го победи и актуелниот медалист од Европското сениорско првенство, Хрватот Голец.

Исто така, значајно е да се спомене дека и актуелниот Балкански Јуниорски шампион Филип Додевски го освои бронзениот медал на овој турнир во јуниорска конкуренција.

– Резултатите на нашите натпреварувачи покажуваат и докажуваат дека таеквондото во нашата земја е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште поголеми резултати на меѓународната спортска сцена, од страна на нашите репрезентативци. Сигурен сум дека Дејан Ѓорѓиевски има сериозни шанси и можност за освојување норма за Олимпијадата во Токио. Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Таеквондо федерацијата на Македонија, а годинава за меѓународната програма и за стручната работа на тренерите, само со првата распределба на средства од игрите на среќа и од редовните буџетски средства се доделени вкупно 1.080.000 денари. Дополнително, за реализација на проектот “Таеквондо за секого” и годинава обезбедивме 50.000 денари, истакна Спасески и порача дека АМС и понатаму ќе го помага овој спорт.

Носителите на медали се заблагодарија за поддршката која ја добиваат од Агенцијата и најавија многу напорна работа и нови победи за исполнување на целта, а тоа е обезбедување норма за следните Олимписки игри.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија