Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

Денес во Агенцијата за млади и спорт беше одржана прес конференција на која...

АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

Агенцијата за млади и спорт ќе и додели шест милиони и шесто илјади денари...

Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

Свечената церемонија во Македонскиот народен театар, која се одржа по 62....

Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

Денес во Градската библиотека “Браќа Миладиновци”  се...

Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

На 12 декември 2016 г. (ПОНЕДЕЛНИК) во Националната галерија на Македонија...

  • Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

    Отчет на Агенцијата за млади и спорт за 2016 година

  • АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

    АМС и додели 110 илјади евра на Ракометната федерација на Македонија

  • Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

    Позлатени статуетки за најдобрите во годината што изминува

  • Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

    Промовирана збирката поезија од проектот “Млади поети”

  • Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

    Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Македонските атлетичари на Европско во Србија

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams atl srb web 2

Нашите двајца најдобри натпреварувачи во атлетика ќе земат учество на престојниот европски шампионат во сала, кој од 03-05 Март ќе се одржи во Белград, Србија, а на кој ќе учествуваат 600 натпреварувачи од 51 држава членки на ЕАА.

Атлетската федерација на Македонија ќе земе учество со своите 2 најдобри атлетичари по постигнати резултати за 2017 година и тоа Сашо Голубиќ- 1995 година, кој треба да настапи на 60 метри и  Мартина Мироска-1998 година ,која треба да настапи во скок во далечина. По тој повод се одржа прес конференција во Агенцијата за млади и спорт, на кој покрај претседателот на Атлетска федерација на Македонија Крсте Серафимовски зборуваше и директорот Марјан Спасески.

-Атлетиката во нашата земја е во континуиран развој, а Владата преку ресорните институции силно вложува и во делот на подобрување на спортската инфраструктура и овозможување услови за развојот на овој спорт. Покрај спортските сали, кои се градат на целата територија на државата, се изгради и најсовремена атлетска патека по сите светски стандарди на Националната арена „Филип Втори Македонски“, на која во 2104 год. се одржа и Европскиот куп во трчање на 10 км.

Агенцијата за млади и спорт има одлична соработка и со Атлетската федерација на Македонија на која се поддржуваат најголемиот дел од спортските активности.

Во таа насока, само со првата распределба на средства, Агенцијата за млади и спорт ја финансираше Атлетската федерација на Македонија со вкупно 1.660.000 денари за подготовки и учество на следните меѓународни активности:

-       Светско Првенство за сениори во Лондон;

-       Европско Првенство за сениори во сала, Белград;

-       Светско Првенство за млади во Најроби, Кенија;

-       Евроспко Првенство во планинско трчање во Камник, Словенија;

-       Светско Првенство во планинско трчање во Прамена, Италија.

Финансиска поддршка има и за Организација на системот на натпревари, за организација на меморијалниот атлетски митинг Лазо Милошески, за Скопскиот маратон, како и за спроведување на соодветни допинг-контроли. На нашите репрезентативци им посакувам успешен настап и се надевам дека во одлично светло ќе не претстават на ова Европско првенство, изјави Спасески.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија