Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young art 2017 на...

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за Млади поети, на кој...

Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

Во периодот од 11 до 14 октомври оваа година во Москва, Руска Федерација,...

Средба со националните спортски федерации

Средба со националните спортски федерации

Агенцијата за млади и спорт оствари средба со челните луѓе на на спортските...

Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Денес, во просториите на поранешното кино ,,Култура” се одржа...

  • Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

    Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

  • Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

    Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

  • Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

    Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за...

  • Средба со националните спортски федерации

    Средба со националните спортски федерации

  • Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

    Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Печати

Спасески во ОН: Вложувањето во младите луѓе е сигурна инвестиција во иднината

вклучено . Објавено во Соопштенија

ON ON

Директорот на АМС, Марјан Спасески изминатите два дена учествуваше на Глобален младински форум во седиштето на Организацијата на Обединетите Нации во Њујорк, чија цел беше да се покрене свесноста за неопходноста од инвестирање во младински политики, за имплементација на Одржливите Развојни Цели на ОН, за младинското ангажирање во искоренување на сиромаштијата, мерките за финансирање на младинските политики и добрите практики за поддршка на младинскиот развој.
Спасески имаше обраќање на министерскиот панел на тема: “Обезбедување на неопходни средства и финансии за поддршка на младинскиот развој”, каде се осврна на успешниот процес за креирање на Националната Стартегија за млади (2016-2025), како и активностите кои ги презема АМС и Владата на Република Македонија за имплементација на целите и приоритетите во истата.
-“Националната Стратегија за млади е резултат на едногодишен процес воден од страна на АМС, а финансиски поддржан од UNDP-мисијата во Македонија, во кој директно учествуваа преку 250 претставници од околу 75 невладини и младински организации и други релевантни институции, кои работеа заедно и ги дефинираа целите и младинските потреби за следниот десетгодишен период. Во процесот директно се вклучија и меѓународни организации и донатори како UNDP, UNFPA, OSCE, Шведската Агенција за развој и други, кои ја покажаа својата подготвеност и желба да бидат вклучени во понатамошната имплементација на оваа стратегија” – информираше Спасески и потенцираше дека буџетот на АМС за поддршка на младинските активности за 2017 година е седум пати поголем во однос на претходната 2016 година.
Тој се осврна и на процесот на воспоставување на Регионалната канцеларија за младинска сорботка (РИКО), чија основна цел е да ги поврзе и помири моладите луѓе од Регионот, а за која како што рече, Република Македонија веќе обезбедила контрибуција од околу 120.000 евра за нејзиното функционирање.
На маргините на Форумот, Спасески оствари билатерални средби со неколку свои колеги, а ја посети и постојаната мисија на Република Македонија во Организацијата на Обединетите Нации.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија