Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денеска е во...

Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко каевски се сретна со...

Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски се сретна со...

Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, заедно со раководителот на...

Прием во АМС за македонските одбојкари

Прием во АМС за македонските одбојкари

Директорот на АМС, Дарко Каевски упати честитки до одбојкарите за освоеното...

  • Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

    Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

  • Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

    Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

  • Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

    Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички...

  • Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

    Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

  • Прием во АМС за македонските одбојкари

    Прием во АМС за македонските одбојкари

Печати

ПРОДОЛЖЕН Е РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ ЗА ИЗРАБОТКА НА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА КАМПАЊА „ИНФОРМИРАЈ СЕ СЕГА!“

вклучено . Објавено во Соопштенија

ПРОДОЛЖЕН Е РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА
НАТПРЕВАРОТ ЗА ИЗРАБОТКА НА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА КАМПАЊА „ИНФОРМИРАЈ СЕ СЕГА!“

Во рамките на Националната кампања „Информирај се СЕГА!“Коалиција СЕГА со  Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) и со Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство организираат натпревар за изработка на мобилна апликација за веб страната www.mladi.ams.mk .

Наградниот Фонд за најдобрата апликација изнесува 500 евра во денарска противвредност, и право на учество имаат тимови со максимум 3 членови - сите студенти на еден од државните или приватните универзитети во Р. Македонија.

Тимовите ќе имаат за задача да подготват мобилна апликација која ќе ги прикажува содржините кои се наоѓаат на сајтот www.mladi.ams.mk и која ќе работи минимум на Андроид платформа.

Критериуми за учество:

  • Тимови од максимум 3 студенти на возраст од 18 до 25 години.
  • Сите членови на тимот мора да се студенти на еден од државните или приватните Универзитети во Р. Македонија.

Крајниот рок за пријавување на тимови се продолжува до 26 декември 2016 година до 16.00 часот со пополнување на апликацијата на следниов линк.

Организаторот ќе ги обезбеди потребните сервиси од кои мобилната апликација ќе ги вчитува информациите.

Апликациите на учесниците на натпреварот ќе ги евалуира стручно жири составено од тројца професори на ФИНКИ,  еден вработен во АМС и еден од Коалиција СЕГА.

Критериумите за евалуацијата се:

  • Функционалност на апликацијата - да интегрира што повеќе функции што веќе постојат на www.mladi.ams.mk
  • Да работи минимум на Андроид платформа
  • Да биде лесно екстензибилна
  • Добар визуелен изглед на мобилната апликација
  • Перформанси на апликацијата

Презентацијата на сите апликации и прогласувањето на најдобрата ќе се одржи во Амфитеатарот на ФИНКИ во текот на месец февруари 2017 година, со дополнително известување за точниот термин.

Сите прашања поврзани со натпреварот може да ги поставите на следнава e-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ ја спроведуваат Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и има за цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни, и да бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното информатичко општество.

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија