Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

“Стоп на пороците кај младата популација”

“Стоп на пороците кај младата популација”

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот...

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера...

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската...

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари...

  • “Стоп на пороците кај младата популација”

    “Стоп на пороците кај младата популација”

  • Одржан прв јавен настан за Закон за млади

    Одржан прв јавен настан за Закон за млади

  • Соопштение

    Соопштение

  • Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

    Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Печати

Проектот “Спортот и семејните вредности”промовиран во Македонски Брод

вклучено . Објавено во Соопштенија

image

По Скопје, Прилеп, Штип, Василево, Кочани и Кратово, Македонски Брод е седмата општина во која помина Караванот на АМС и Сојузот на спортски федерации на Македонија за промоција на проектот Спортот и семејните вредности. Основната намена на проектот е да се промовира спортот преку семејните вредности и да се стимулираат граѓаните преку спортот и спортските активности, да се дружат повеќе меѓусебно и да се зајакнат врските во семејството.

Спортската сала во ОУ Св. Климент Охридски беше премала да ги собере дечињата, кои заедно со нивните родители другаруваа и се натпреваруваа во штафета, балансирање со топка, Здрвен дедо, игра на прецизност, ракомет, фудбал и други забавни игри. 

Настанот го отвори директорот на АМС, Марјан Спасески кој изрази задоволство од масовноста и од подготвеноста на посетителите да спортуваат и низ заедничка дружба да ги промовираат спортските принципи.

-“Она што е многу битно во овој динамичен начин на живот каде најчеста појава е отуѓеноста во самите семејства еден од најдобрите настани кои можеме да ги приуштиме е спортот и дружбата. Верувам дека со реализацијата на овој проект ќе ја постигнеме целта а истовремено младите луѓе ќе ги стимулираме да се занимаваат со спорт и спортски активности. Денеска нема да има победници и победени, денес ќе победи дружбата“,  – изјави директорот на АМС,Марјан Спасески.

Првиот човек на Македонски Брод, градоначалникот Војнески се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт што го одбрале токму Македонски Брод како дестинација за реализација на овој благороден проект, со кој како што рече ќе се придонесе за создавање на стабилни и силни врски помеѓу родителите и децата. Спортот ја имаа таа моќ, да ги зближува луѓето и ваквите проекти се добредојдени секогаш.

Овој настан ќе продолжи да се имплементира и во останатите општини.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија