Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Дејан Недев стана светски шампион во кати во фудокан карате-до

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dn web 1

Македонскиот каратист Дејан Недев освои злато и стана светски шампион во кати на 7. Светски фудокан карате-до, шампионат кој од 3 до 5 овој месец се одржа во Клуж, Романија.Матеј Ангеловски го освои сребрениот медал во фукуго за сениори.

Печати

Прием на делегација на КФМ во Агенција за млади и спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams tenerife web 1

Карате репрезентацијата на Македонија која настапи на Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори у21 кое се одржуваше во Тенерифе, Шпанија беше на прием во Агенцијата за млади и спорт.
Директорот на агенцијата Дарко Каевски во своето обраќање посочи дека со освојувањето на две петти места и неколку пласмани во 4 - то коло на едно големо натпреварување како што е Светското првенство, оваа генерација македонски каратисти докажа дека пред неа е светла иднина.

Печати

Разрешен е македонскиот претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams logo

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски  донесе Одлука за поништување на одлуката за избор на младинскиот претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан, Бојана Наумовска.

Имено, досегашниот младински претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка не ги претставуваше интересите на целокупниот граѓански сектор кои се занимава со младински прашања и младински политики во Република Македонија.

Печати

Две сребрени и еден бронзен медал од Балканското јуниорско првенство во борење

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams boraci

Денес,Агенцијата за млади и спорт организираше прием за боречките надежи кои се вратија од од Балканското првенство во борење во Турција.
Директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски им честиташе на репрезентативците во борење и додаде дека АМС целосно ќе ги поддржува настапите на македонските претставници во борење на сите меѓународни настапи од причина што борењето мора да се врати на патеките од минатото кога овој спорт беше еден од најтрофејните во Македонија.

Печати

Приоритетни политики за млади за 2018-та година

вклучено . Објавено во Соопштенија

Kaevski NDI

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски присуствуваше на консултативна средба во организација на Клубот за младински прашања и политики при Собранието на Република Македонија и Националниот Демократски Институт.
На средбата се разговараше за младинското учество, образованието, младинската работа и вработувањето за млади.

Печати

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young art 2017 на која Агенцијата ги повикува сите млади визуелни уметници и групи да поднесат свои авторски дела, согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки:

1. Авторите да се на возраст од 15 до 29 години

2. Доставените дела да се од следниве дисциплини:
- Сликарство (со димензии не поголеми од 200х200 см)
- Скулптура (со димензии не поголеми од 200х200x200 см)
- Графика (со димензии не поголеми 100х70)
- Графички дизајн (плакат)
- Фотографија (со димензии не поголеми од 100х70 см)

3. Делата треба да кореспондираат со современите ликовни практики, а тематските и идејните содржини се отворени и се поврзани со рецентното индивидуално творештво на авторите од последните две години. Делата треба да имаат изразен индивидуален, ликовен и креативни ракопис.

Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите млади автори и групи на возраст од 15 до 29 години, да  достават свое дело на конкурсот. Секој кандидат учествува со по едно дело. Изложбата е селективна, а жирито ќе додели по една награда за уметнички достигнувања за петте дисциплини, во износ од  40,000 денари.

Прочитај го целиот КОНКУРС (Симни овде)

Печати

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за Млади поети, на кој  ги повикува сите млади  да поднесат свои авторски творби, согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки:

1. Да се на возраст од 15 до 29 години 

2. Да немаат објавено збирки на поезија.

3. Да достават најмногу две поетски творби.

Конкурсот за Млади поети  се  реализира по четврти пат, а има за цел да ги поддржи и потикне младите креативци. 

На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра итворба и тоа за прва награда се предвидени 20.000 денари, за втора награда 15.000 денари, а трета награда 10.000 денари.

Прочитај го целиот КОНКУРС (Симни овде)

Печати

Редовна средба на Директорот Каевски и претставниците на Националниот младински совет на Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

AMS Sredba 111

Денеска се одржа редовната месечна средба помеѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претставниците на Националниот младински совет на Македонија. На средбата се разговараше за Првиот отворен повик за аплицирање на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) кој е наменет за проекти на средните училишта и граѓанските организации.
Овој петок е планирана и Инфо сесија во Скопје (во просториите на Агенцијата за млади и спорт) на која младите и сите засегнати страни ќе се запознаат со работата на Локалната канцеларија за младинска соработка во Скопје и со условите за аплицирање на Првиот повик.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија