Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Сојузот на Спортови на Скопје ги додели 13-ноемвриските награди за најуспешни спортисти во 2017.

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams izbor web 1

Управниот одбор на СОФКА денеска ги откри добитниците на наградите 13-ноември. За најдобар спортист е прогласен капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, Раул Гонзалез е прогласен за најдобар тренер, додека РК Вардар е број еден екипа за оваа година.

Печати

Златниот гонг за Беким Вјерда од Албанија, Денис Муаремовски најдобар македонски боксер

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams zl gong web 1

„Златниот гонг“ го освои Беким Вјерда од Албанија кој во финалето го совлада Никола Стевановиќ од Србија. Вусшност, ова беше една од најдобрите борби на 47. Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ кој се одржа денес во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Најдобар македонски боксер е Денис Муаремовски, додека најдобар техничар е Виолент Сулејмани. Најдобар странски боксер е Лазар Станоевиќ. Кристијан Ходак од Хрватска е најдобар тренер, а Бранислав Дамајановски од Србија е најдобар судија.

Печати

Ивчевски е неприкосновен на мото патеките: Пример за идните генерации на моторциклисти

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams ivcevski web 1

Слободан Ивчевски уште на десет годишна возраст појавува голем интерес кон моторите и во 1993 година дебитира на мотокрос трката од Шампионатот на Македонија – Скопје и го освојува 5. место со што покажува голем талент. Оттогаш Ивчески е редовен натпреварувач на домашните и меѓународните првенства во различните мото дисциплини.

Печати

Златен Гонг по 47-ми пат

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams gong web 1

Една од најтрофејните спортски манифестации во Македонија, Златен Гонг, оваа година ќе се одржи по 47-ми пат. Вип Арената при  СЦБТ, мала сала од 9-11 ноември 2017 (петок и сабота ), ќе ги собере боксерите од Македонија и уште 6 други држави,согласно доставената програма. Натпреварите ќе започнат со полуфиналните борби во петок со почеток од 16:00 до 19:00 часот додека свеченото отварањето на настанот ќе се одржи во петок од 17:30 часот. Во сабота е предвидено да се одржат финалните борби со почеток од 11:00 часот, а доделувањето на наградите и признанијата е предвидено со почеток од 14:00 часот. За учество на гонгот се пријавени околу 40 боксери.

Печати

Објавен Конкурсот за доделување средства на субјекти кои реализираат програми од јавен интерес во областа на спортот

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт го објави Конкурсот за доделување средства на субјекти кои реализираат програми од јавен интерес во областа на спортот. Конкурсот трае од 15.11.2017 година до 16.30 часот.

На Конкурсот учество може да земат субјектите кои ги исполнуваат условите, односно Националните спортски федерации.

Сите заинтересирани страни кои ги исполнуваат критериумите може да ги достават апликациите на адресата на Агенцијата за млади и спорт

ул: „Македонија“, бр.38 (Палата „Панко Брашнаров“) 1000 Скопје со назнака : ЗА „КОНКУРС 2017 “

Подетално за Конкурсот можете да се информирате со негово симнување (СИМНИ ГО КОНКУРСОТ)

Печати

Дејан Недев стана светски шампион во кати во фудокан карате-до

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dn web 1

Македонскиот каратист Дејан Недев освои злато и стана светски шампион во кати на 7. Светски фудокан карате-до, шампионат кој од 3 до 5 овој месец се одржа во Клуж, Романија.Матеј Ангеловски го освои сребрениот медал во фукуго за сениори.

Печати

Прием на делегација на КФМ во Агенција за млади и спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams tenerife web 1

Карате репрезентацијата на Македонија која настапи на Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори у21 кое се одржуваше во Тенерифе, Шпанија беше на прием во Агенцијата за млади и спорт.
Директорот на агенцијата Дарко Каевски во своето обраќање посочи дека со освојувањето на две петти места и неколку пласмани во 4 - то коло на едно големо натпреварување како што е Светското првенство, оваа генерација македонски каратисти докажа дека пред неа е светла иднина.

Печати

Разрешен е македонскиот претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams logo

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски  донесе Одлука за поништување на одлуката за избор на младинскиот претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан, Бојана Наумовска.

Имено, досегашниот младински претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка не ги претставуваше интересите на целокупниот граѓански сектор кои се занимава со младински прашања и младински политики во Република Македонија.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија