Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Доделени наградите за најдобрите млади поети од конкурсот на АМС

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams poeti grupna

Агенцијата за млади и спорт по четврти пат го реализираше конкурсот за најдобри млади поети, на кој годинава пристигнаа творби од 48 автори.

По тој повод, денес, во просториите на АМС се организраше поетско читање и доделување на награди за тритте најдобри творби, кои добија симболични награди во износ од 20 илјади, 15 илјади и 10 илјади денари.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски ги поздрави младите поети и изјави дека е пријатно изненаден од бројот на пристигнати творби.

Печати

Дополнителни средства за најдобрите младински клубови

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams darko

Агенцијата за млади и спорт донесе  одлука со која освен Националните спортски федерации, дополнително ќе се финансираат најдобрите младински клубови.

Станува збор за возрасни категории од 14-20 години, а условот е тимовите да имаат остварени најдобри резултати изминатава година во системот на натпревари. Освен за поголемите федерации, како фудбалска, ракометна, кошаркарска и одбојкарска, кои ќе земат најголем процент од средствата, нема да бидат изоставени ниту помалите федерации, ниту поединечните спортови.

Печати

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата замлади и спорт и меѓународниот Славјански Универзитет

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams memo slavj 1

Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за млади и спорт и Меѓународниот Славјански Универзитет Гаврило Романович Державин, кој  е во насока на продлабочување на меѓусебната соработка и активности, особено во делот на спортот.

 Првиот проект на оваа заедничка соработка се стипендиите за магистерски студии кои МСУ Державин ќе ги додели на спортската манифестација Избор на најдобри спортисти на годината, која во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации ќе се одржи утре во НУ Драмски театар.

Печати

Агенцијата за млади и спорт организираше средба со спортски новинари

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams brif web 1

Директорот на Агенцијата за млади и спорт,Дарко Каевски организираше средба со македонските спортски новинари од електронските и печатени медиуми.
Целта на оваа средба беше отвореност на Агенцијата за соработка, сугестии, различни ставови на спортските новинари, како и укажување на важноста на мислењата на спортските новинари за сите поединости поврзани со развојот на македонскиот спорт.
Печати

Трибина на тема „Преглед на состојбата на младите во Македонија низ индикатори за младинско учество“

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams logo web

Тимот на Млади Инфо Интернационал во соработка со Агенцијата за млади и спорт на Македонија на ден 22.12.2017 година (понедeлник) во ЕУ Инфо центар со почеток во 10:30 часот ќе организира информативна трибина на тема „ Преглед на состојбата на младите во Македонија низ индикатори за младинско учество“ на која за прв пат, младинските организации обединети околу идејата за зголемување на младинско учество ќе дискутираат за начини за овозможување на поголема партиципација на младите во јавниот живот и процесите на донесување одлуки на локално ниво.

Печати

Прием за Мотоциклистичка федерација на Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams priem moto

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием за Мотоциклистичката федерација на Македонија, по повод сумирање на резултати и остварувањата во годинава што изминува, како и плановите за наредната.

Печати

Прогласени добитниците на наградите од проектот “Најдобри млади уметници”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams umetnici

Како завршен настан од проектот ,,Млади Уметници” кој започна со објавување на Конкурс од страна на Агенцијата за млади и спорт, се постави изложба од пристигнатите дела на млади автори, чие отворање се случи во Национална галерија на Македонија, објект Мала Станица - 2 кат.

На свеченото отварање беа прогласени добитниците на наградите во пет категории (сликарство, скулптура, фотографија, графика и графички дизајн), а наградите за најдобрите ги врачи директорот на Агецијата замлади и спорт Дарко Каевски.

Печати

“50 години Македонско карате”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres 50

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Карате федерација на Македонија одржа прес конференција по повод јубилејот 50 години карате во Македонија и истовремено го најави меѓународниот карате турнир, кој на 16.декември ќе се одржи во СЦ Борис Трајковски”.

-Еден од најголемите планирани проекти на Агенцијата за млади и спорт е Олимписката програма со сите припремни и натпреварувачки настани, во која каратето како нов олимписки спорт ќе има важен удел.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија