Исплатени средствата за месец април за спортисти и спортски работници
Денес се исплатени средствата за месец април, во износ на минимална плата од 14.500 денари за спортистите и спортските работници од првата мерка.
Денес се исплатени средствата за месец април, во износ на минимална плата од 14.500 денари за спортистите и спортските работници од првата мерка.
Започна со реализација втората мерка од најавените пакет мерки за системска поддршка на спортот и спортистите во нашата држава, во услови на пандемија предизвикана од Ковид-19.
Во врска со Јавениот повик за распределба на средства за финансиска поддршка на проекти од областа на младите, на здруженија на граѓани и фондации, објавен на објавен на 05.02.2020 година, Извештајот за евалуација согласно Јавниот повик од Комисијата за распределба на средствата за финансиска поддршка на проекти на здруженија на граѓани и фондации и Одлуката за распределба на средствата за финансиска поддршка на проекти на проекти од областа на младите, Агенција за млади и спорт ја објавува листата на здруженија на граѓани и фондации на кои се доделени финансиски средства за поддршка на проектите.
Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 04.04.2020 година донесе уредба за финансиска поддршка за спортисти, стручни лица од областа на спортот и спортската администрација за време на вонредна состојба.. Финансиската поддршка ќе ја реализира Агенцијата за млади и спорт, а комплетната уредба и сите потребни барања и изјави ги објавуваме во прилог:
Агенција за млади и спорт Ве известува дека потребната документација за јавниот повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации, може да ја доставите електронски.
Агенција за млади и спорт според дадените препораки од страна на Влада на Република Северна Македонија, за превенција од ширење на корона вирусот, воведува нов времен режим на работа со странки.
Емил Павлов го освои златниот медал на силната карате Премиер-лига во Сацлбург, Австрија.
По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прием, на кој освен Павлов, присуствуваше неговиот тренер и селектор на репрезентацијата Сашко Арсовски, како и претседателот на карате федерацијата Горан Милковски.
Мавровски меморијал е спортска манифестација која го промовира едно од најубавите туристички атракции, Маврово. Натпреварот се одржува во спомен на 38-те градители на електро системот Мавровка и 14 храбри граничари, кои го загубија животот во снежната лавина 1956 година.
Оваа година настанот ќе се одржи од 24 до 26 февруари на патеката Мирна долина, во Маврово, 57 ми пат по ред.