Работна средба со претставници на боречка федерација
Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот Наумче Мојсовски оствари средба со претседателот Бетим Вренези и потпретседателот на Боречката федерација Дејан Богданов.
Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот Наумче Мојсовски оствари средба со претседателот Бетим Вренези и потпретседателот на Боречката федерација Дејан Богданов.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски oствари работна средба со претставници на Mладинскиот образовен форум (МОФ).
На средбата директорот Мојсовски потенцираше дека младите и младинските организации ќе имаат вистински партнер во него и во Агенцијата за млади и спорт и дека тие ќе се вклучуваат во сите процеси на донесување на одлуки.
Браво наши Македонски јунаци! Вие сте наша гордост, ова е историја, овој ден е испишан со златни букви во спортската историја. Вие момци ќе бидете запаметени како спортски херои! Одиме на европско, одиме на победа!
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски придружуван од Советниците на премиерот Заев, Ѓорги Тасев и Милан Живковиќ, денеска оствари работна средба со претставници на Асоцијацијата за едукација „Младиинфо Интернационал“
Директорот Наумче Мојсовски во просториите на Агенцијата за млади и спорт одржа работна средба со новиот претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Даниел Димевски и му посака многу успех во извршувањето на новата должност со надеж за плодна и успешна соработка.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски придружуван од заменикот директор, Авни Рустеми, имаше работна средба со претставници намладинската организација „Центар за интеркултурен дијалог“ од Куманово.
На средбата директорот Мојсовски истакна дека агенцијата овозможува вклучување на младинските организации во процесите на донесување одлуки и тие ќе бидат консултирани за сите важни прашања од интерес за младите. Покрај тоа, тој потенцираше дека АМС ќе поддржува развој на младинска инфраструктура согласно Законот за младинско учество и младински политики со цел подобрување на стандардот на младите и младинските организации.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска оствари работна средба со претставницитена Националниот младински совет, Бојан Петровски и Влатко Костовски.
На средбата Мојсовски ги презентираше приоритетите на АМС во периодот што претстои како што се имплементација на Законот за младинско учество и младински политики, воспоставување на регистар за млади, определување службеник за млади во секоја институција на национално и на локално ниво, изработка на нова стратегија за млади и акциски план, формирање на совет на млади во рамки на АМС и започнување на процесот зa формирање на локални младински совети.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, придружуван од Советниците на премиерот Заев, Ѓорги Тасев и Милан Живковиќ, денеска оствари работна средба со шефот на одделот за човекова димензија на Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, Алесио Ѕукарини и Јасмина Тодоровска Митева, национален програмски офицер.