Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Фитнес зона во Општина Центар

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk zona centar

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, во присуство на градоначалникот Саша Богдановиќ го означија и официјално почетокот на употреба на фитнес зоната во Општина Центар.

Каевски очекува дека и оваа Фитнес зона ќе биде правилно и максимално искористена од страна на сите граѓани, а особено од страна на младите лица.

Печати

Гази Баба доби фитнес зона

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams fitnes zona gazi baba

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со градоначалниокот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски ја посетија новата фитнес зона во парк шумата Гази Баба која од денеска е достапна за сите љубители на спортот и рекреацијата. На површина од 200 метри квадратни поставени се реквизити за сите возрасти и спортисти. Дел од нив се адаптирани и за лицата со хендикеп.

Печати

70 години Спортска Стрелачка Федерација

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk strelastvo

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием за Претседателот на Македонско спортска стрелачка федерација  Владимир Пандовски, по повод 70 години постоење на федерацијата.

Печати

Успешен настап на македонските претставници во бразилска ,,Џиу-Џица"

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dziu

По успешниот настап на престижниот меѓународен турнир во бразилска Џиу-Џица ”Abu Dhabi Pro Rome 2018” Агенцијата за млади и спорт организираше прием за македонските репрезентативци. Македонската репрезентација предводена од Претседателот, Ивица Алексовски  заедно со своите избраници освоиja 18 медали:

- 5 златни

- 10 сребрени и

- 3 бронзени медали

Печати

Размена на искуства и идеи во спортот со претставник на Министерството за спорт на Швајцарија

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams gazmend

Во периодот од 5 до 9 ноември оваа година, заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Гзменд Ристеми беше во градот Берн во месноста Манлиген, Швајцарија каде оствари билатерална средба со Паскал Чателајн, одговорен за меѓународна соработка во спортот во Министерството за спорт во Швајцарија.

Во периодот од 5 до 9 ноември оваа година, заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Гзменд Ристеми беше во градот Берн во месноста Манлиген, Швајцарија каде оствари билатерална средба со Паскал Чателајн, одговорен за меѓународна соработка во спортот во Министерството за спорт во Швајцарија.Цел на средбата беше размена на искуства и идеи во спортот, начинот на финансирање во спортот, како и воспоставување иницијална соработка на националните федерации на двете држави.

Печати

Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk daun

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) беше организиран прием за добитниците на прво место на меѓународниот натпревар – Светски Куп во пара хип-хоп групи во Киелце, Полска.

На приемот во АМС, кај Директорот Дарко Каевски беа младите танчeри од танцовиот клуб ,,Данцерс Унитед MK” (Dancers United): Оливер Блажевски, Ена Митревска, Моника Бисовска, Александар Матовски, Дарко Ефтимовски, Христијан Стојанов, Ана Беќарска.

Печати

Средба Каевски-Капричевски

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk fond w1

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски оствари средба со Наум Капричевски, организатор на 11-от ултра-маратон во чест на Тоше, кој се одржа од 12 до 16 октомври, а се трчаше од Нова Градишка, Република Хрватска до Крушево, поточно 420 километри.

Печати

Доделени сертификатите на втората група која ја заврши обуката за претприемништво и деловни вештини

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sertifikati

Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претприемништвото кај младите луѓе,започна со реализацијата на обуки за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини. Токму и во таа насока, денес беа доделени сертификатите на втората група која ја заврши обуката за претприемништво и деловни вештини.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија