Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams moskva web 1 ad

Во периодот од 11 до 14 октомври оваа година во Москва, Руска Федерација, владина делегација на Македонија претставена преку Агенцијата за млади и спорт зема учество на Меѓународниот Министерски Самит за Младинска Политика. Делегацијата е предводена од Гордана Цекова - раководител на Сектор млади, Тане Димовски - раководител на Одделение за односи со јавноста и Александра Дичевска - советник за меѓународна соработка.

Печати

Промоција на видео “Девојки како нас”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams Darko Kaevski web 1

На 09.10,2017та граѓанската спортска организација ТАКТ, со поддршка на Амбасадата на кралството Холандија во Македонија и Агенцијата за млади и спорт, одржа промоција на спортско видео кое чија цел е да се промовира женскиот спорт и многубројните придобивки од спортувањето. Во видеото се прикажани истакнати спортистки од осум различни спортови кои во македонската јавност се препознатливи по своите резултати.

Печати

Работна средба на учесниците на Светскиот фестивал на млади во Москва

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams moskva web 1

Во наредниот период што следи, Руската Федерација ќе биде домаќин на 19. Светски фестивал на млади и студенти, кој од 14-22 октомври ќе се одржи во градот домаќин, Сочи. Пред одржување на Фестивалот на млади и студенти, ќе претходи одржување на меѓународната министерска средба на ниво на ресори задолжени за реализација на младинска политика, која ќе се одржи во Моска во период од 11 - 14 октомври.

Печати

Средба со националните спортски федерации

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sredba nsf web 1

Агенцијата за млади и спорт оствари средба со челните луѓе на на спортските федерации, на која ги потенцираше насоките во кои ќе се одвива работата на Агенцијата во однос на спортот и размислувањата на новата влада околу промените на односот и финансирањата во спортот. Директорот на АМС Дарко Каевски на стартот зборуваше за ваучерите кои федерациите ќе можат да ги подигнуваат, врз основа на предходно приложените програми за работа и истите ќе ги доставаат до приватниот сектор  кој истите ќе го искористат врз основа на даночното ослободување предвидено во поновите измени во законот за спорт.

Печати

Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams ml pol

Денес, во просториите на поранешното кино ,,Култура се одржа Конференција на млади. На отворањето свое излагање имаа Ивана Вучкова од ,,ФЕС  и Ивона Крстeвска од Националниот младински совет на Македонија. Конференцијата беше посветена на  националните  и регионални перспективи, маханизми и стратегии за младинска партиципации и одлучување на младинската политика. На конференцијата се обрати и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, кој ја истакна важноста на младинските парципации и одлучување на младите во делот на младинската политика.

Печати

Иџе со шампионски амбици тргнува кон Чешка

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres idze

Агенцијата за млади и спорт преку прес конференција го најави настапот на нашиот најдобар автомобилист во ФИА, Игор Стефановски – Иџе, кој овој викенд  ќе ја вози последната трка во Чешка, на патеката Мост, со која ќе се заокружи ФИА ЕТЦЦ шампионатот за оваа година, на која Иџе има огромни шанси за победа и освојување на шампионатот.

На средбата беше присутен комплетниот тим со кој Игор Стефановски Иџе се натпреварува на шампионатот ЕТЦЦ 2017, како и претставници од Агенцијата за млади и спорт.

Печати

50 години традиционално карате во Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams tr karate web 1

Викендов што следува се одбележува јубилеј по повод 50 години традиционално карате во Македонија. По тој повод се одржа прес конференција во просториите на Агенцијата за млади и спорт, на кој уводен говор имаше директорот Дарко Каевски.

-       Агенцијата за млади и спорт во соработка со Македонската традиционална карате федерација го одбележуваат јубилејот низ повеќе активности, семинари, предавања, свечени промоции, со цел мотивирање на младите луѓе кон спортот и традиционалното карате воопшто. Во таа насока Агенцијата за млади и спорт  ја поддржува и финансиски ќе ја помогне манифестацијата наречена 50 години традиционално карате во Македонија, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Печати

Прием на кик-боксерите во АМС по повод успехот на Европското и Балканското првенство во кик бокс

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams kik boks

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, по повод успешната организација на последното Европско првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Скопје и големиот успех на македонските кик-боскери, Директорот Дарко Каевски организираше прием за кик-бокс репрезентацијата предводена од Претседателот и селектор Дејан Митровски – Урко и тренерот Драган Атанасовски.

Каевски изјави дека Македонија уште еднаш се покажа како одличен домаќин и потврди дека секогаш е спремна за организација на вакви големи натпреваруња,а воедно им честита и за остварениот успех на младите кик-боксери.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија