Конкурс за доделување на државна награда "8 СЕПТЕМВРИ" во 2012 година
Одборот за доделување на државната награда „8 Септември”, врз основа на членoвите 24 и 29 од Правилникот за работа на Одборот за доделување на наградата „ 8 Септември“ распишува К О Н К У Р С за доделување на државната награда „ 8 Септември “ во 2012 година.
Со државната наградата “8 Септември” се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот.
Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план.