Државна награда за спортот "8 Септември"
Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се одржа прес-конференција, на која беа презентирани активностите за доделување на државната награда ”8 Септември ”.Одборот во состав проф. д-р Зоран Радиќ - претседател, проф.д-р Ленче Алексовска - член и Арѓент Беќири - член ја објаснија потребата од воведување на ваква државна награда која ќе ги опфати спортистите, тренерите, селекторите и спортските работници во Република Македонија. На прес-конференцијата учество зема и директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски.