Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

вклучено . Објавено во Соопштенија

Egorov 1

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, му го честиташе големиот успех на Владимир Егоров кој освои бронзен медал во категоријата до 57 килограми на Европското првенство во Романија.

Овој медал е прв за македонски репрезентативец на едно континентално првенство, по пауза од 12 години. Последен пат, во 2007 година Мурат Рамазанов го освои бронзениот медал на ЕП во Софија, Бугарија.

Печати

Соопштение во врска со работото време на архивата на Агенцијата за млади и спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Известување до корисниците на услуги и соработници на Агенцијата за млади и спорт за новото работно време со странки. Започнувајќи од 01.04.2019 година, новото работно време на архивата на Агенција за млади и спорт со странки е од 09:30 до 15:30. Паузата е од 12:00 до 12:30 часот.

Печати

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams kajak

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод 51-от “Илинденски кајак слалом ИКАС 2019” и Европскиот куп во спуст на дива вода – Скопје 2019.

На прес конференцијата свое излагање имаше директорот на АМС Дарко Каевски, претседателот на КФМ Коста Ефтимов, како и Томислав Црнковиќ-претседател на светската спуст асоција.

-Овој викенд Матка и Скопје ќе го соберат врвот на европскиот и светски кајак спорт, кој ќе придонесе за промовирање на природните убавини на Скопје, но и ќе го подигне нивото на кајак спортот и спортот воопшто, изјави Каевски.

Печати

Информација за пријавување и учество на натпреварот ,,Paralym Art World Cup 2019"

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт ги информира сите заинтересирани страни кои сакаат да се пријават за учество на натпреварот Paralym Art World Cup 2019 кој е дел од културната олимпијада во пресрет на Олимписките и Параолимписките игри во 2020 година.

Настанот се организира од страна на Paralym Art – организација која има за цел помагање на интеграцијата на лицата со посебни потреби во општеството преку промовирање на нивните уметнички дела.

Тема на овогодинешниот натпревар е:

„Dance/performance-fun/happiness/sorrow/anger/emotion/passion“.

За подетални информации можете да се информирате со симнување на следниот документ.

- Информација за за учество на натпреварот Paralym Art World Cup 2019 (СИМНИ ТУКА)

 

Печати

Европска бронза за Емил Павлов

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres k

Нашите каратисти имаа успешен настап на Европското првенство во карате, кое од 28-31 март се одржа во Гвадалахара- Шпанија.

Бронзен медал за најдобриот Емил Павлов, како и повторување на одличното пето место за Пуликсенија Јовановска.

Одлично претставување на машкиот тим, како и новиот сениор Фахик Весели, и пораз во четврт финалето за Берат Јакупи.

Печати

Светската танцова елита во Скопје

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams baner tanci

Танцовата федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Танцовиот клуб Прима Данцаза прв пат во нашава држава ги организира следниве натпревари:

WDSF WORD OPEN STANDARD & LATIN

-WDSF OPEN STANDARD & LATIN  za YOUTH

-WDSF OPEN STANDARD za SENIOR 2

-WDSF OPEN STANDARD za SENIOR 3

-WDSF OPEN STANDARD za SENIOR 4

-DSE STANDARD & LATIN za JUVENILE

-DSE STANDARD & LATIN za JUNIOR 1

-DSE STANDARD & LATIN za JUNOR 2

-WDSF MODERN DANCES

Печати

Европско првенство во карате

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk pres k

Македонската карате репрезентација од Агенцијата за млади и спорт го најави својот настап на Европското карате првенство, кое од 28-31 март ќе се одржи во Гвадалахара, Шпанија.

На шампионатот ќе настапат 508 натпреварувачи од 50 европски земји.

Пуликсенија Јовановска и Фери Исиќ ќе настапат во кати, додека пак во борби списокот на натпреварувачи е пообемен, со оглед на тоа што освен во поединечна конкуренција, македонските репрезентативци ќе настапат и екипно.

Печати

Соопштение до јавност

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams logo

Агенцијата за млади и спорт (АМС) поради последните настани поврзани со случувањата во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ја информира јавноста за следново:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски во саботата (16.03.2019 година) на официјална прес-конференција во просториите на институцијата, го изнесе ставот на АМС дека  ФФМ мора да го усогласи Статутот, актите и своето работење со законите на Република Северна Македонија и Собранието на федерацијата да ги верифицира и да обезбеди услови за напречена работа. Каевски, тогаш додаде дека било какво одржување на Собранието спротивно на законот, истото го прави нелегитимно, со што ќе се предизвика сериозни проблеми во развојот на фудбалскиот спорт во нашата земја.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија