Печати

ЧЕСТИТКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ ДО ДЕЦАТА ОД ДОМОТ "11 ОКТОМВРИ " - СКОПЈЕ

вклучено . Објавено во Соопштенија

Почитувани драги дечиња, идни репрезентативци,

Оваа честитика претставува благодарност и поддршка од целата јавност, за Вашата мотивирана и борбена игра за успешните настапи на Европското куп-финале на детски домови – Унгарија 2012.  

На натпреварот со останатите екипи покажавте како се игра со срце за Македонија и како се претставува Република Македонија под уставно име.

Овие победи нека бидат почеток на едно ново докажување и можност за настап во младинските репрезентативни категории на Република Македонија.

Државата е горда на Вас и ја имате целосната наша доверба и поддршка од Агенцијата за млади и спорт.

Секоја Ваша победа е победа за Македонија!

На крај дозволете да упатиме и пофални зборови за раководството на установата “11 Октомври” – Скопје за начинот на презентирање на установата и Република Македонија во Унгарија.