АМС апелира за достојно спортско навивање на фудбалскиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите помеѓу ФК Вардар и ФК Бате Борисов
По повод денешното одигрување на фудбалскиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите помеѓу
ФК Вардар и ФК Бате Борисов,
АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ
АПЕЛИРА
До секој љубител на фудбалот кој ќе го проследи натпреварот, за целосно почитување на одредбите од Европската конвенција за насилството и недостојното однесување на гледачите за време на спортските натпревари, особено на фудбалските натпревари како и на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.
Воедно секој љубител на фудбалот, подржувач и навивач на фудбалскиот клуб Вардар, со достоинственото и спортско навивање за својот клуб, ќе придонесе за победата и пласманот на ФК Вардар во наредното коло од квалификациите за Лигата на шампионите, а со тоа ќе се запише уште една успешна приказна во историјата на македонскиот спорт.
Со достоинственото и спортско навивање, ФК Вардар и Република Македонија ќе испратат порака до фудбалска Европа дека целосно ги применуваат и почитуваат европските директиви во борбата против недостојното и неспортско однесување за време на натпреварите од Лигата на шампионите.