Печати

Одржана седница на Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени

вклучено . Објавено во Соопштенија

Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени на ден 23.07.2012 година со почеток во 09.00 часот во просториите на Агенцијата за млади и спорт одржа седница на која беа присутни :

Жаклина Просароска - сектор за Полиција и криминалистички работи при МВР;

Силвана Карбеска - Ракометна федерација на Македонија;

Димче Гаштарски - сектор за Односи со јавноста при МВР;

Кирил Соколов - Кошаркарска федерација на Македонија и

д-р Константин Ангеловски - Агенција за млади и спорт.

I. Донесен е следниов дневен ред:

1. Разгледување на записникот од конститутивната седница;

2. Усвојување на Деловникот за работа на „Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени“

3. Донесување на одлука за информирање на медиумите за конституирање на „Националното  координативно тело за спречување на насилството на спортските терени“;

4. Разгледување на иницијативата за вметнување на нови членови;

5. Утврдување на активностите во однос на мечот Вардар - Бате Борисов;

6. Разно.

 

II. Усвоен е записникот од конститутивната седница.

III. Усвоени се измените и дополнувањата на предлог - Деловникот.

IV. Решено е, невладините организации кои што имаат искуство од областа на спречувањето на ненасилството и недоличното однесување на спортските терени да бидат вклучени во работата на Националното координативно тело преку националните спортски федерации.

V. Решено е, да се предложат измени и дополнувања на Законот за спречување на насилството и недоличното однесување на спортските терени со цел правно регулирање и водење на Регистар на познати и потенцијални прекршители на јавниот ред и мир и нивно недопуштање до спортските терени по време на спортски нетпревари. Регистарот ќе се води од Министерството за внатрешни работи и ќе се доставува до националните спортски федерации кои што ќе ги координираат податоците со спортските клубови, односно организаторите на спортски натпревари и собири.

VI. Решено е, Агенцијата за млади и спорт да прати барање до националните спортски федерации со цел доставување на список со регистрираните навивачки групи и претседателите на истите. Списоците ќе бидат препратени до Министерството за внатрешни работи, а истите ќе служат за да се утврди точниот број на навивачки групи, а истовремено да се провери нивната правна регистрација.

 

                                                                                                                                                                         Претседател:

Д-р Константин Ангеловски