Печати

ЧЕСТИТКА ДО ФК ВАРДАР

вклучено . Објавено во Соопштенија

По повод формирањето на најтрофејниот македонски фудбалски клуб ФК Вардар, на 22 јули 1947 година, дозволете да упатиме срдечна и искрена честитка до сите кои помогнаа брендот ФК Вардар успешно да функционира низ 65-годишната историја.

ФК Вардар низ 65-годишната историја даде голем придонес за промовирање на вредностите и негување на македонскиот спорт и се покажа како вистински пример за афирмацијата на градот Скопје и Република Македонија на меѓународен план.

Агенцијата за млади и спорт упатува искрени честитки за сите поранешни раководства и сегашното раководство на клубот, до  сите играчи кои го носеле и го носат дресот на ФК Вардар, до сите тренери кои го воделе и сега го водат клубот, до сите навивачи кои беа покрај клубот во добро и лошо и до сите останати кои секогаш биле и претставувале поддршка за ФК Вардар.

Во предвечерието од реванш натпреварот на ФК Вардар со Бате Борисов од квалификациите за Лигата на шампионите, Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува фудбалерите на ФК Вардар да играат пожртвувано и борбено со срце, со што преку победа и пласман во наредното коло, ќе им го честитаат големиот јубилеј на сите љубители на брендот ФК Вардар и ќе запишат уште една успешна приказна во историјата на македонскиот спорт.