Печати

Реакција на Агенцијата за млади и спорт по повод објавен неавторизиран текст од страна на интернет новинската агенција Курир

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Во врска со денешниот напис на интернет порталот Курир со наслов: „АМС: РФМ со игнорантски став кон предлогот за трансформација на клубовите во АД“, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија го истакнува следново:

Најпрво, ја информираме јавноста дека истиот не е на каков било начин авторизиран од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт, заклучок кој би можел да се изведе од појавувањето на неговото име, презиме и функција во органот кој го раководи на крајот од споменатиот напис.

Агенцијата за млади и спорт целосно се согласува со деловите од текстот, но исклучиво со оној во кој се препознаваат определени размислувања насочени кон развој на ракометниот спорт во нашата земја. Од секој, пак, дел, кој на каков било начин би можел да имплицира одредени тенденции кон односната национална спортска федерација, или, пак, во кој некој би можел да заклучи дека провејуваат дисквалификации кон која било личност во федерацијата што од истиот би се почувствувала повикана, Агенцијата за млади и спорт целосно се оградува.

            Во насока на т.н. „трансформација на клубовите во АД“, како што досега неколкупати сме се произнеле, со цел за унапредување на ракометот во нашата земја, притоа почитувајќи ги заложбите на сите чинители одговорни за спроведување и одржување континуиран систем на натпревари во највисок степен во сениорска конкуренција во овие спортови, во интерес на спроведување на Законот за спортот („Сл. Весник на РМ“ бр. 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11 и 64/12), а пред се во интерес на спортот, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија повторно апелира до секоја повикана страна на брза реакција заради запазување на роковите за исполнување на односните законски обврски.

            Агенцијата за млади и спорт, секако, и понатаму ќе ги следи состојбите по ова прашање и ќе чини се што е во насока на развој на ракометниот спорт.