Печати

Агенцијата за млади и спорт обезбеди спортска опрема за учеснците на ОИ Лондон 2012

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

По однос реакциите на одредени репрезентативци - учесници на Олимписките игри Лондон 2012 година за необезбедена спортска опрема сакаме да Ве информираме следново:

Како институција одговорна за развој на македонскиот спорт, Агенцијата води грижа за развој на масовниот спорт, за врвниот спорт, за училишниот спорт, за универзитетскиот спорт, за спортот за лицата со инвалидитет и пречки во развојот. Агенцијата за млади и спорт во спроведувањето на законската регулатива во делот на спортот како нејзини партнери ги има Националните спортски федерации.

Агенцијата за млади и спорт по распишувањето на Конкурсот за реализација на програмите на Националните спортски федерации, ги распределува финансиските средства за националните спортски федерации, во случајот програмата на Атлетска федерација на Македонија во вредност од 2.100.000 денари,која федерација е во првата група на спортови.

Раководството вклучувајќи го тука претседателот, ген.секретар, управниот одбор и други, претставуваат носечки столб во работата и раководењето со Националните спортски федерации.

Токму раководството на Атлетската федерација на Македонија се тие кои покрај предвидените средства од Агенцијата за млади и спорт, треба да обезбедат и други финансиски дотации и средства за работата и реализацијата на програмите на истоимената федерација.

Агенцијата за млади и спорт укажува на репрезентативците-учесници на Олимписките игри Лондон 2012 година, да не потпаѓаат под влијание на одредени личности и со нивното однесување да бидат вистински пример на спортски амбасадори кои ќе ја претставуваат Република Македонија на Олимписките игри Лондон 2012 година.

На крај, сакаме да Ве информираме дека Агенцијата за млади и спорт ќе ја обезбеди дополнителната спортска опрема за настапот на македонските учесници на Олимписките Игри во Лондон 2012 година.

 

                                                                                             СО ПОЧИТ,

                                                                    ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА