Печати

Раскинат договорот за 100 повеќенаменски терени за спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Агенцијата за млади и спорт во врска со проектот “Изградба на 100 (сто) повеќенаменски терени за спорт ”Ве информира дека договорот со изведувачот на градежните работи “Конструктор ДД Сплит Р.Хрватска” – подружница Македонија е раскинат поради неисполнување на договорните одредби, одредбите од Законот за градење и други законски прописи кои важат во Република Македонија.

Воедно, изведувачот не се придржува кон доставениот динамичен план за изведување на градежните работи, неоправдано доцни со реализацијата на целиот проект, а со тоа се одолговекува целиот проект.

Агенцијата за млади и спорт, со цел надминување на последиците од изгубеното време, во наредниот период ќе вложи напори со цел продолжување на реализацијата на истоимениот проект.

 

                                                                                             СО ПОЧИТ,

                                                                    ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА