Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Извршена допинг контрола врз македонски спортисти од страна на Националната анти-допинг комисија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Почитувани,

Во текот на вчерашниот ден, вклучително и денес, Националната анти-допинг комисија при Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија започна и е во процес на вршење допинг контрола (OOC - out of competition) врз спортисти од Република Македонија, од кои дел се учесници во рамки на ОИ Лондон 2012.

Истата се врши во координација со Регионалната анти-допинг организација на Југоистоцна Европа, која е конститутивен дел од Светската анти-допинг агенција WADA.

Целиот процес е обврска и цел на нашата држава во пристапот кон борбата против допингот во спортот преку делувањето на Национална анти-допинг комисија.

Без функционално национално тело за борба против допингот во спортот, не може да се говори за соодветно справување со една од појавите за кои постои меѓународен консензус за искоренување на истата.    

Борбата против допингот во спортот може да биде ефикасна единствено доколку во секоја држава постојат допинг контроли и доколку истите се изведуваат „без претходно информирање, надвор и за време на натпреварите“ (што е една од главните препораки согласно Конвенцијата против допингот во спортот на УНЕСКО – член 2 – дефиниции / ратификувана од страна на Република Македонија на 19 август 2008 – со што истата е дел од македонското законодавство).

 

                                                                                             СО ПОЧИТ,

                                                                    ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија