Печати

Комисија на ракометни стручњаци

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Агенцијата за млади и спорт (АМС) ја продолжи иницијативата за формирање на Комисии кои ќе имаат советодавна улога во работењето на директорот на АМС и останатите служби во оваа институција.

- Во одлуките кои што ги засегаат спортистите, спортските работници и спортската јавност, потребно е да се слушне гласот на они кои што од законските одредби и околности кои владеат во спортот најмногу го чувствуваат влијанието на тие фактори. Од тие причини покрај Советот за спорт, формираме и Комисии по спортови, а таква е и денес формираната Комисија за ракомет, истакна директорот на АМС Лазар Поповски, на денешната прес-конференција.

Членови на Комисијата за ракомет при АМС се: Данило Брестовац, Ристо Магдинчев и Мартин Клинчаров.
Задачите на оваа комисија се влијание на одлуките и креирањето на политиките кои што ги донесува директорот на АМС, а се однесуваат на ракометот. Првите две активности на новофорнмираната комисија се разгледување на предлозите од ракометните прволигаши од состанокот на 27 јуни и информација околу средби со прволигашките клубови.
Директорот Поповски ги информираше членовите на Комисијата околу имплементацијата на Законот за трансформација на Суперлигашите во акционерски друштва.

- Законот треба да се почитува, екипите да се трансформираат и тоа да се направи со минимални финансиски импликации. АМС ќе ги разгледа предлозите и во зависност дали се правно издржани ќе постапува понатаму. Ќе гледаме да излеземе во пресрет на клубовите колку што е можно повеќе, рече Поповски.

Тој најави посета на ракометните клубови од комисијата на великани и на самиот терен да биде дообјаснат Законот за трансформација.

Членовите на комисијата ја поздравија иницијативата на АМС нагласувајќи дека тоа е вистинскиот пат за развојот на ракометот. Тие очекуваат подигнување на нивото на ракометниот спорт во Македонија.