Печати

Прием на кошаркарски репрезентации во АМС

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот м-р Лазар Поповски огранизираше прием за следните кошаркарски репрезентации

- Сениорска женска репрезентација која ќе учествува на Европско првенство за мали држави кое ќе се одржи во Струга од 10 до 15 јули 2012. Учесници се Македонија, Австрија, Азербејџан, Молдавија, Гибралтар, Малта, Шкотска и Велс.

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот м-р Лазар Поповски огранизираше прием за следните кошаркарски репрезентации

- Сениорска женска репрезентација која ќе учествува на Европско првенство за мали држави кое ќе се одржи во Струга од 10 до 15 јули 2012. Учесници се Македонија, Австрија, Азербејџан, Молдавија, Гибралтар, Малта, Шкотска и Велс.

- Младинска машка репрезентација до 20 години / учествува на Европско првенство кое ќе се одржи во Софија, Бугарија од 12 до 22 јули 2012. Учесници се Македонија, Австрија, Бугарија, Израел, Словачка, Белгија, Холандија, Луксембург, Полска, Белорусија, Хрватска, Данска, Велика Британија, Португалија, Чешка, Финска, Унгарија, Швајцарија

- Јуниорска женска репрезентација до 18 години / Учествува на Европско првенство кое ќе се одржи во Струмица, од 26 јули до 5 август 2012. Учесници се Македонија, Австрија, Белорусија, Бугарија, Данска, Англија, Германија, Финска, Унгарија, Израел, Латвија, Литванија, Црна Гора, Норвешка, Португалија, Шкотска, Швајцарија, Украина.

- Кадетска машка репрезентација до 16 години / Учествува на Европско првенство кое ќе се одржи во Букурешт, Романија од 19 до 29 јули 2012 година. Учесници се Македонија, Луксенбург, Белорусија, Шведска, Финска, Израел, Словачка, Белгија, Данска, Бугарија, Босна и херцеговина, Естонија, Романија, Грузија, Црна Гора, Норвешка, Унгарија, Австрија, Швајцарија, Холандија, Португалија.
Селекторот на женската сениорска репрезентација, Лидија Милкова истакна дека со голема посветеност и со многу работа, нивото на женската кошарка постепено се зголемува. Капитенот на женската репрезентација Моника Гавриловска се заблагодари што и е доделено капитенското место и додаде дека ова Европско првенство за неа ќе претставува и последен настап во репрезентативниот дрес.

Селекторот на Јуниорската женска репрезентација до 18 години Владимир Ѓорѓевиќ истакна дека репрезентацијата тренира напорно, во наредниот период ќе се одиграат неколку контролни натпревари со женската сениорска репрезентација, ќе поминат дел од подготовките во Струга и повторно се враќаат во Скопје, од каде што на 22 јули заминуваат за Струмица. Исто така, селекторот додаде дека групата е тешка и дека со правилно темпирање на формата, ќе успеат да се пласираат понатаму.

Селекторот на машката младинска репрезентација до 20 години Александар Петровиќ и селекторот на машката кадетска репрезентација до 16 години, Игор Михајловски, во своите обраќања се осврнаа на потребата од одигрување на меѓународни пријателски средби за зголемување на искуството на репрезентациите. Покрај тоа, селекторот Игор Михајловски посочи дека очекува добри игри на репрезентативците, особено од Андреј Магдевски кој тренира и игра за КК Партизан (Србија) и од Кристијан Николов кои тренира и игра за КК Галатасарај (Турција). Селекторот на машката младинска репрезентација до 20 години Александар Петровиќ истакна дека недостатокот на високи играчи во репрезентација ќе биде надокнадена со брзата и прецизна игра.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски ги поздрави репрезентативците и репрезентативките и истакна дека гордост е да се игра за националниот дрес и да се бранат боите на државата. Покрај тоа, Директорот Поповски истакна дека во изминатиот период кошарката е еден од најбараните спортови во државата особено по успехот на сениорската кошаркарска репрезентација во Литванија. На крај, Поповски заврши со зборовите дека е потребно овие млади кошаркари и кошаркарки да бидат идните носители на репрезентативниот дрес во сениорските репрезентации и да ги заменат овие генерации.