Печати

Пуштени во употреба три нови простории во Средното училиште „Методи Митевски Брицо“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Амфитеатар и две нови училници доби Средното училиште за физичка култура „Методи Митевски Брицо“. Покрај редовните ученици новите простории ќе ги користат и над 100 ученици од Спортската академија која од септември стана дел од тоа училиште.

Новите простории денеска ги пуштија во употреба министерот за образование и аука Панче Кралев и директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски.

Според министерот Кралев, потребата од зголемување на просторните услови уследи по имплементација на проектот за воведување на Академија за спортисти.

- Веруваме дека со овие дополнителни нови просторни услови кои беа изградени со средства од приближно 8 милиони денари од страна на Министерството за образование и наука ќе се реши барањето на овие ученици на Академијата да имаат свои просторни услови, но секако и на сите други ученици кои се дел од училиштето за да може да се изведува наставата тековно и без поголеми проблеми, рече Кралев.
За да се подобрат и условите за тренирање директорот на Агенцијата за млади и спорт најави и изградба на уште една спортска сала.

- Агенцијата за млади и спорт оваа година исто така ќе инвестира средства согласно Програмата за капитални инвестиции и некаде пред крајот на февруари ќе објавиме јавна набавка за изградба на уште една сала која што ќе помогне во изведувањето на образовниот и тренажниот процес на сите учесници во Спортската академија, информира Поповски.

Тој најави дека наскоро Агенцијата ќе излезе со резултатите од истражувањето кои ги постигнале учениците од Спортската академија.