Печати

Одржани првите едукативни работилници во училиштата во општина Ѓорче Петров

вклучено . Објавено во Соопштенија

Како дел од проектот „Пороците кај младата популација“, Агенцијата за млади и спорт започна со одржување на првите едукативни работилници во основните училишта „Страшо Пинџур“ и „Јоаким Крчовски“, во општината Ѓорче Петров.

Посебната заинтересираност и активност на учениците од шестто, седмо и осмо одделение во овие училишта направи одлична атмосфера за учење и работа, во која вработените во Клиниката за токсикологија и едукаторот Силвана Ончева успешно ги преносоа своите знаења, давајќи одговор на сите прашања на учениците.

Агенцијата за млади и спорт во натамошниот период продолжува со реализацијата на овој проект во сите основни училишта во општината Ѓорче Петров.