Печати

Златото од европското првенство на Берат Јакупи му донесе стипендија-спортист од меѓународна категорија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Од 9 и 10-ти февруари во Коња, Република Турција се одржа Европско првенство во карате за кадети и јуниори на кое учествуваа 44 држави со вкупно 810 учесници. Нашиот млад репрезентативец Берат Јакупи се закити со златниот медал настапувајќи во најтешката категорија + 76 кг.

Ова е негово трето злато, откако беше европски првак во категорија кадети во Париз 2009 година и во Измир 2010 година, со што се стекнува со титулата- прв македонски спортист кој има европски титули во три различни возрасни категории. Јакупи го оставарува сонот на секој спортист, а тоа е да се врати со голем успех од позначајните првенства.

Агенцијата за млади и спорт, на Берат Јакупи кој согласно Законот за спорт и категоризацијата, остварува спортска категорија-спортист од меѓународна категорија, во износ од 27.000 денари со што уште еднаш се докажува дека државата секогаш ги поддржува младите спортски надежи и таленти и така ќе продолжи и во иднина.


Покрај освоениот златен медал на Јакупи и постарите јуниори успеа да се вратат со освоени два бронзени медали. Моника Пендаровска од КК „Макпетрол“ во кадетска конкуренција и Виктор Крстевски од КК „Металург“ во силна конкуренција на јуниори, го одбранија третото место и се закитија со бронзен медал.