Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Oдржана едукативна спортска работилница на тема: „Ватерполо“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Монтесори центарот со поддршка на Агенцијата за млади и спорт ја реализираше четвртата од предвидените десет едукативните спортски работилници. Работилницата се одржа на 9 февруари (сабота) на базенот Карпош при СЦ „Борис Трајковски“. На работилницата присуствуваа 10 деца на возраст од 4 до 8 години под водство на двајца Монтесори педагози од Македонското Монтесори Здружение. Наш домаќин беше селекторот на македонската ватерполо репрезентација, Сашко Поповски. Тој ги запозна децата со основните карактеристики на ватерполото, правилата на игра, опремата, а младите ватерполисти практично ни демонстрираа како се игра овој спорт. Децата се запознаа со историјатот на ватерполото, неговиот развој, местото на спортот во големите светски натпреварувања, Олимписките игри, најдобрите ватерполо селекции во светот, македонската ватерполо репрезентација и нејзините најдобри резултати, како и многу други интересни факти поврзани со ватерполото.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија